Вучиќ: Пред ОН ќе ги кажам фактите и вистината, нема да им се допадне тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека принципите на меѓународното јавно право и Косово и Метохија ќе бидат главни теми на говорот што утре ќе го одржи пред Обединетите нации.

Тој истакна и дека не е сигурен дека некому ќе му се допадне неговиот говор.

„Како некој кој долго време се занимава со оваа работа и е ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Ќе биде по 5 часот по српско време“, изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк.

Тој рече дека ќе ги каже фактите и вистината. „Верувам дека тоа нема да им се допадне на многу луѓе“, додаде тој.

Посочи и дека при изборот на факти и вистина од една страна и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.

„Не сум сигурен дека тоа ќе му се допадне на некој, поради општото лицемерие во светот. И за тоа ќе зборувам. Сите се повикуваа на принципи кои постојат ако ги усвоите и ги применувате во секоја ситуација, а не тогаш кога вам ви одговара“, рече Вучиќ.

Според Вучиќ, ако територијалниот интегритет е највисок принцип во меѓународното право, тогаш како се крши Повелбата на ОН и резолуцијата 1244.

„Тука нема принципи. Бараме и овде да важи она што се почитува во Украина, а тоа е територијалниот интегритет на Србија“, рече Вучиќ и истакна дека само за Србија се спротивни принципите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе