За гурмани: Царско месо со лут компир

Идеален рецепт за семеен ручек за време на викендот или за некоја свечена пригода.

Вкусот е навистина одличен, нема да зажалите доколку решите да го подготвите ова јадење. Има толку вкусна арома што малку е веројатно дека некогаш сте вкусиле нешто слично.

Потребни состојки*:

  • 600 гр свинско каре
  • ½ китка магдонос
  • ½ китка листови од целер
  • рузмарин
  • 600 гр варен млад компир
  • 20 гр путер
  • табаско сос
  • копар
  • 100 мл растителна павлака
  • сол
  • бибер

*наведените количини се за 4 порции.

Подготовка:

Потребно време за подготовка: 60 минути

Месото мора да биде едно парче, исчистено од вишок маснотии и жили. Зачинете го со сол и бибер и валкајте го во ситно исечкани листови магдонос и целер. Сè завиткајте во алуминиумска фолија и печете 45 минути во рерна на 220°C.

Извадете го месото од рерна, извадете му ја фолијата, вратете го в рерна и печете уште 15 минути додека не добие убава боја.

За тоа време сварете ги компирите, исцедете ги од водата и пропржете ги во путер. Зачинете ги и додадете табаско сос и павлака и пржете ги уште 2-3 минути. Сервирајте го лутиот компир топол со тенко исечени парчиња каре.

Забелешка: Рузмаринот е еден од основните зачини на медитеранската кујна. Се користи за зачинување на месо, особено пилешко, овчо, свинско и дивеч. Се препорачува за месо печено во рерна, под сач или за подготовка на месо на скара. Се става на варени или печени компири. Ако се користи умерено, може да се комбинира со други зачини.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе