Забраната за настап на естрадни уметници во угостителските објекти пред укинување

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.

НУК и ЗЕУМ очекуваат забраната да се укине уште утре.

Нивни претставници, како што соопшти НУК, утрово имале работна средба со Комисијата во Министерство за здравство, на која го образложиле барањето. На средбата присуствувал и д-р Жарко Караџовски. Притоа е договорено, досегашната точка 13 од Протоколот која вели: „Забрането организирање музички настани во отворен и затворен дел од објектот”, да се смени и да гласи: „Се дозволува музички настап на естрадни уметници во угостителски објекти на посебно издвоено место во угостителски објект со најмало растојание од два метра на естрадните уметници од најблиските маси во сите правци“.

Согласно оваа нова точка, забрането е рашетување на естраднот уметник за време на настап по гости и во угостителски објект. Естрадните уметници заедно со угостителите имаат обврска на секој настап да ја држат под контрола ситуацијата со гостите и да не дозволат во ниеден момент да дојде до појава на неконтролирана ситуација.

-Комисијата за заразни болести прифати да го разгледа барањето на НУК и ЗЕУМ и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските обвјекти. НУК и ЗЕУМ очекуваат од утре да се укине постојната точка 13 и да се замени со новата. Со промената на оваа точка им се овозможува на угостителските објекти да ги поддржат естрадните уметници да имаат свои настапи согласно протоколите за работа во угостителски објекти при што имаат обврска заедно со гостите максимално да ги почитуваат и применуваат важечките протоколи за заштита на јавното здравје, наведува НУК.

ЗЕУМ и НУК, како што се додава во соопштението, во целост ќе го поддржат Државниот пазарен инспекторат да ги казни сите што не се придржуваат до препораките и протоколите за работа во случај на настап на естрадни уметници во угостителски објекти за да не се етикетираат еднакво сите останати кои максимално вложуваат во реализацијата на овие настапи организирани и одржани согласно новите важечки протоколи.

НУК и ЗЕУМ воедно упатуваат апел до сите естрадни уметници каде се сведоци дека угостителите не можат да ги спроведат своите настапи во целост согласно протоколите и препораките, да ги откажат своите гостувања и настапи во целост и во интерес на заштита на сопственото и јавното здравје на гостите и останатите угостителски работници.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе