Заев: Пред точно 30 години беше изгласана првата демократска Влада на тогашна СР Македонија

На денешен ден пред 30 години, поточно на 20 март 1991 година, по спроведувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори, Собранието ја изгласа првата демократска Влада на тогашна Социјалистичка Република Македонија по воведувањето на политичкиот плурализам.

На чело на оваа прва експертска Влада беше избран Никола Кљусев, а за вицепремиери беа избрани Блаже Ристовски, Јован Андонов и Бекир Жута, и имаше 15 министерства и тројца министри без ресор, порачува премиерот Зоран Заев на својот Facebook профил.

– Согласно Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија, донесена на 25 јануари 1991 година, основна цел на новата Влада беше конституирање на Република Македонија како независна држава. Во текот на мандатот на оваа влада е одржан референдумот за независност на Македонија, усвоен е Уставот на Република Македонија, како и монетарното осамостојување на државата, вели Заев на Facebook.

Првата влада, додава, како експертска, заедно со Собранието, ги направи првите чекори кон самостојна и плурална држава, која потоа со политичките влади ги остваруваше стандардите на парламентарната демократија, како и неопходните постигнувања за остварување на нашите стратешки определби за членство во НАТО и ЕУ.

– Денес, Северна Македонија и нашиот народ им оддава големо признание за државниот и политички ангажман на членовите на првата Влада, посочува премиерот Заев во неговиот пост на Facebook.

На денешен ден пред 30 години, поточно на 20 март 1991 година, по спроведувањето на првите повеќепартиски парламентарни...

Posted by Zoran Zaev on Saturday, March 20, 2021
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе