Закани до шефот на FDA од луѓето на Трамп за да ја одобри вакцината на Pfizer во САД

Американската агенција за храна и лекови (FDA) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против COVID-19 од американската фармацевтска компанија Pfizer и германската BioNTech.

Извори на Associated Press тврдат дека неколку часа пред да биде издадена дозволата, „висок државен службеник во Белата куќа му се заканил на шефот на FDA дека ќе биде отпуштен ако вакцината не добие дозвола до крајот на денот“.

 

CNN потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95 отсто, дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека терминот „за итна употреба“ значи дека може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување од властите, за што Pfizer ќе треба да достави посебно барање до FDA.

Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC) и Советодавниот одбор за превенција и имунизација на САД мора да дадат препорака по што CDC ја усвојува последната препорака и дава зелено светло за да започне вакцинацијата на населението.

Вакцинацијата се очекува да го смени текот на пандемијата во САД, каде досега починаа повеќе од 295.000 пациенти од коронавирусот.

„Ова е уште еден чекор во низата чекори што водат до крајот на оваа пандемија“, рече Амеж Адаља од одделот за здравствена безбедност на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Покрај Велика Британија, која прва одобри употреба на вакцината на Pfizer, официјални лиценци за употреба на оваа вакцина се издадени во Мексико, Бахреин и Саудиска Арабија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе