Започна снимањето на втората сезона на популарната и омилена серија „Emily in Paris“, а на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од главната актерка Лили Колинс.
Серијата се снима во Париз и Сен Тропе, но и на други локации во Франција. Netflix изјави дека оваа серија е една од најпопуларните на стриминг сервисот во 2020 година.
„Еmily in Paris“ ja гледале 58 милиони луѓе во првите 28 дена по премиерата на 2 октомври.
На официјалниот профил на Twitter е објавено видео од најавата на новата сезона. Во серијата покрај Колинс глумат Ешли Парк, Лукас Браво, Семјуел Арнолд. Серијата е во продукција на Дарен Стар.