Започнува самитот на НАТО во Варшава, многу предизвици за Алијансата

Дводневниот самит на НАТО Алијансата во Варшава, кој започнува во петок, можеби ќе биде најважниот самит уште од Студентата војна, при што лидерите на земјите членки ќе мора да се соочат со сложен сет од проблеми за да ја подобрат безбедноста на нивните земји, пишува порталот New Europe.

„Нашите позиции се јасни – НАТО не сака конфронтација, не сакаме нова студена војна“, изјави во пресрет на самитот генералниот секретар на НАТО, коментирајќи ги протестите на Русија поради ротирачките баталјони на НАТО во Полска, Естонија, Литванија и Летонија.

Столтенберг додал дека бил сигурен оти гласањето во Велика Британија за напуштањето на ЕУ нема да ги ослабне врските на Европа со САД и дека Лондон ќе остане „силен и посветен“ член на воената алијанса. Истото мислење го дели и американскиот претседател Барак Обама, според кого британското напуштање на ЕУ нема да има влијание врз НАТО.

Уште од своето основање во 1949-та година, основната цел на НАТО е заштитата на своите земји членки, чиј број моментално изнесува 28, а бројот на населението е скоро милијарда. Стариот непријател од студената војна, Русија, сега се враќа како голема грижа за Алијансата, бидејќи се однесува начин којшто за НАТО е „непријателски и провокативен“. Алијансата го обвинува Кремљ дека ги поддржува воените движења во источна Украина, и се противи на анексирањето на Крим од Украина, направено од страна на Русија во 2014-та година.

Во Варшава, врз основа на одлуките на последниот НАТО самит во септември 2014-та година, лидерите ќе се согласат да го зголемат присуството на алијансата во земјите членки кои чувствуваат дека се особено загрозени од Русија. Четири засилени интернационални баталјони од преку илјада војници по држава ќе бидат поставени во Полска, Естонија, Летонија и Литванија. На југот, пак, за во Романија се планира поставување на интернационална бригада којашто ќе ги смири членките кои се загрижени поради руското воено присуство крај Црното море.

Се очекува дека американскиот претседател Барак Обама и останатите лидери ќе ги нагласат своите желби за подобрени односи со Москва, за која НАТО еднаш сметаше дека е ветувачки партнер во напорите да се подобри безбедноста во Европа и пошироко. На 13-ти јули во Брисел е закажан и состанок помеѓу НАТО и рускиот Совет, односно помеѓу претставниците од земјите на НАТО и нивните руски колеги.

Многу безбедносни грижи за земјите од НАТО не доаѓаат од други земји, туку од она што експертите го нарекуваат „вондржавни актери“, како што е Исламска држава. Смртоносните самоубиствени напади кои оваа екстремистичка организација ги направи во Париз и Брисел беа доказ дека постоечките законски и владини мерки не беа доволни за да ги сопрат ваквите организации да сејат страв и масакри во Западот, коментира New Europe. Се очекува на самитот во Варшава да се донесат и одлуки за соработка на НАТО и коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава, вклучувајќи ја употребата и на АВАКС разузнавачките авиони и програмите во Ирак за тренинзи на ирачката армија за да се подобрат безбедносните капацитети на земјата.

Лидерите на  НАТО исто така ќе ја повторат својата обврска кон Авганистан да продолжат со мисијата „Одлучна поддршка“, за тренинзи и помош на авганистанските безбедносни сили. Целта е да не се дозволи Авганистан, кој беше база за операциите на Осама бин Ладен и Ал-Каеда за нападите од 11-ти септември 2001-та година на Њујорк и Вашингтон, да не стане прибежиште за екстремистичките исламски групации ширум светот.

Се очекува лидерите на НАТО да предложат и промена во дејствувањето на Алијансата во централниот медитерански регион, што би можело да помогне во стабилизацијата на Либија и да го сопре мигрантскиот бран кон Европа, што преставува особена грижа за некои европски членки на НАТО.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе