Софтвер

Заштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком

20. август 2019 - 13:38 |

Македонски Телеком воведува алатки за заштита на децата во дигиталниот свет: Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници, достапни во Cool Kids, новата тарифа во Magenta 1.  

Врвната онлајн заштита Kaspersky Safe Kids е алатка што овозможува увид и контрола на времето што децата го поминуваат на мобилен, таблет или компјутер, заштита од опасни онлајн информации, како и следење на објавите на децата на социјалните мрежи. Со Kaspersky Safe Kids родителите можат да бидат спокојни за содржините со кои децата се среќаваат на интернет, а тие безбедно да истражуваат, да учат и да се забавуваат.

Со смарт часовниците за деца, корисниците ќе имаат можност за детален увид во движењето и локацијата на нивните деца – брзо, едноставно и во секое време. Смарт часовниците MyKi и TLC Family Watch се достапни во неколку различни бои со можност за двонасочни повици, како и испраќање текстуални и говорни пораки кон часовникот и говорни пораки од часовникот кон апликацијата.

Во тарифата е вклучен интернет, часовникот за да биде секогаш онлајн и разговори за да можат родителите постојано и секаде да бидат во контакт со своите деца.

Наша обврска е да им овозможиме на децата безгрижно да ги истражуваат неограничените можности на дигиталниот свет.

Повеќе информации на следниот линк

*Промотивен текст

Коментирај