СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ ЈАПОНИЈА 2019

Заврши првата фаза на женскиот ракометен Мундијал, шампионот во аут

Србија со победа над Словенија ги продолжува натпреварувањата, исто и домаќинките, додека актуелниот шампион Франција испадна откако загуби од Данска.

Група А

Холанѓанките продолжија со одличните игри откако утринава ја средија и Норвешка. Фаворитот потклекна пред портокаловиот состав иако на полувреме водеше со 4 разлика, но одличното второ полувреме ѝ донесе на Холандија прво место во групата.

Во директен дуел за третото место, Србија тесно ја совлада Словенија. Ни десетте погодоци на најдобриот мундијалски стрелец Тјаша Станко не беа доволни за Словенија да продолжи. Кај Србинките најрасположена беше Слаџана Поп-Лазиќ со 8 голови.

Србија - Словенија 29:27
Ангола - Куба 40:30
Холандија - Норвешка 30:28

Табела:
1. Холандија 8
2. Норвешка 8
3. Србија 6

4. Ангола 4
5. Словенија 4
6. Куба 0

Група Б

Јужна Кореја им оддолеа и на Германките, се избори за реми и заврши прва во групата без пораз. Во крајно неизвесен натпревар, со 10 голови се истакна Ју Ун-хи, а кај Германките Јулија Бенке постигна 7.

Данска го совлада и воедно елиминираше актуелниот шампион Франција. Тоа беше директен дуел за тоа која репрезентација ќе продолжи да се натпреварува, а Данкињите предводени од Стине Јергенсен успеаја во својата мисија.

Бразил - Австралија 31:9
Германија - Јужна Кореја 27:27
Франција - Данска 18:20

Табела:
1. Јужна Кореја 8
2. Германија 7
3. Данска 7

4. Франција 5
5. Бразил 3
6. Австралија 0

Група Ц

Шпанија го доби дербито со Црна Гора и заврши перфектна. Јованка Радичевиќ беше најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови, но и тоа за малку не беше доволно бидејќи Шпанките беа поуспешни за само еден гол.

Унгарија прокоцка водство од 6 голови разлика на полувреме и на крајот им дозволи на Романките да победат и наместо нив да се пласираат во наредната фаза. Кристина Неагу со 10 голови беше незапирлива за Унгарките.

Сенегал - Казахстан 30:20
Црна Гора - Шпанија 26:27
Романија - Унгарија 28:27

Табела:
1. Шпанија 10
2. Црна Гора 8
3. Романија 6

4. Унгарија 4
5. Сенегал 2
6. Казахстан 0

Група Д

Домаќинот Јапонија ја прокнижа потребната победа над Кина и си обезбеди пласман во наредната фаза. Во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање бидејќи разликата во квалитет однапред беше очигледна.

Швеѓанките беа немоќни против Русија губејќи со 8 разлика, а Русинките како и Шпанија првата фаза ја завршија со максимален ефект.

Јапонија - Кина 35:18
Аргентина - Конго ДР 25:16
Русија - Шведска 30:22

Табела:
1. Русија 10
2. Шведска 8
3. Јапонија 6

4. Аргентина 4
5. Конго ДР 2
6. Кина 0

Главната фаза каде дванаесетте репрезентации се поделени во две групи почнува в недела. Бодовите освоени во дуелите со репрезентациите кои се пласирани се пренесуваат, а групите изгледаат вака:

Група 1
1. Холандија 4
2. Германија 3
3. Норвешка 2
4. Јужна Кореја 2
5. Данска 1
6. Србија 0

Група 2
1. Русија 4
2. Шпанија 4
3. Шведска 2
4. Црна Гора 2
5. Романија 0
6. Јапонија 0

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Ракомет

Вардар четвртфиналист во СЕХА лигата

Read more

Вардар 1961 по рекорден 14. пат македонски ракометен првак

Read more

Лазаров објави поширок список на ракометари за јунските пријателски

Read more

Рекорден седми „Фајнал фор“ за Кире Лазаров

Read more
 

Спорт

Ислами постави нов македонски рекорд

Читај повеќе

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Читај повеќе

Енрике по ремито со Полска: Очекував повеќе од Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Адетокумбо со дабл-дабл најзаслужен за елиминацијата на Бруклин

Читај повеќе

Кристијано Роналдо е најследена личност на Instagram

Читај повеќе

Ибрахимовиќ го оперираше коленото

Читај повеќе

Пандев го пропушти денешниот тренинг поради проблеми со зглобот

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА: ЛА Клиперс првпат во клупската историја во конференциско финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Адетокумбо за мајсторката со Бруклин: Ние сме создадени за овој момент

Читај повеќе