Заврши реновирањето на тревникот на Арената, Работнички прв ќе го сефтоса

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде новиот хибриден терен на Националната арена „Тодор Проески“ на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП).

Фото: ФФМ

ФФМ, согласно договорот со Јавното претпријатие кое стопанисува со Арена, денеска официјално ги заврши своите активности за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Федерацијата целосно го обнови тревникот на нашиот најголем стадион со поставување на најсовремена и хибридна површина. Новата подлога ја спојува природната трева со најсовремените синтетички материјали, притоа обезбедувајќи одлична издржливост и еластичност.

Со поставувањето на хибридната трева од најновата генерација на и со вградување на целосно нов систем за наводнување се овозможува на нашиот стадион да се одигруваат натпревари во текот на целата година, без оглед на временските услови, притоа одржувајќи ги највисоките стандарди за игра.

Фото: ФФМ

„Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност на обезбедување највисоки услови за одигрување на репрезентативни и клупски натпревари и повторно ја враќа нашата Национална арена како врвно место за фудбал на сите нивоа. Ја изразуваме нашата благодарност до сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, посебно на АДИССДП и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на фудбалерите на Националната арена“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Први кои ќе имаат чест да ја искусат новата трева ќе имаат фудбалерите на Работнички и Брегалница, кои в недела од 14 часот ќе го одиграат својот натпревар во рамките на 21. коло од 1.МФЛ. „Романтичарите“ последен пат беа домаќини на својата Арена на 17 септември кога ја победија Воска Спорт со 2:0. Оттогаш како домаќини најчесто играа на „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, а понекогаш и на терените на ФФМ.

Средствата за новата подлога на Националаната арена целосно ги обезбеди ФФМ преку „Хет-трик“ проектот на УЕФА за фудбалска инфраструктура.

На новиот тревник, во првата фаза се работеше на поставување на вештачка површина, а потоа следуваше сеење на природната трева. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари, февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемувa. Поставувањето на хибридна подлога е ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишаниот начин.

Тагови
реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Фудбал

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Read more

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Read more

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Read more

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Read more
 

Спорт

Боавишта во еден ден донесе 9 нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе