Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди најголемиот активен вулкан во светот

Макфакс
/ 10.02.2024 / 14:28

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди најголемиот активен вулкан во светот – Мауна Лу на Големиот Остров на Хаваите – вчера, исфрли предмети од полиците во блискиот град, но нема извештаи за сериозна штета, јавува NBC News.

Епицентарот на земјотресот бил во центарот на јужната падина на Мауна Лоа, на длабочина од 37 километри и 2 километра оддалечен од Пахала.

„Имаше многу тресење. Сите прозорци во селото се тресеа“, рече Дерек Нелсон, менаџер на ресторанот Kona Canoe Club во заедницата Кона, на западната страна на островот.

Вулканот Мауна Лоа последен пат еруптираше на крајот на 2022 година. Тој е еден од петте вулкани што го сочинуваат Големиот Остров. Земјотресите на Хаваите можат да се случат поради повеќе причини, но Хавајската опсерваторија за вулкани наведува дека овој најверојатно е предизвикан од тежината на самите Хавајски Острови, кои ја напрегаат и „свиткуваат“ Земјината кора и горната обвивка.

Овој тип на земјотреси обично се случува на неколку десетици километри под површината на земјата, додека епицентарот на оние што предизвикуваат движење на магмата е поблиску до површината. Огромното мнозинство на земјотреси на Хаваи се случуваат на и околу Големиот Остров. Околу еднаш секоја година и половина, Хаваи ги погодува земјотрес со јачина од 5 степени или поголем.

реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Колку долго треба да трае дремката?

Read more

Свет

Една година од смртта на Алексеј Навални

Read more

Адмирал на НАТО: Украина нема да биде последната цел на Путин

Read more

Странци нема да смеат да купуваат имот во Австралија

Read more

Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Read more
 

Вести

Една година од смртта на Алексеј Навални

Читај повеќе

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори

Читај повеќе

Адмирал на НАТО: Украина нема да биде последната цел на Путин

Читај повеќе

Странци нема да смеат да купуваат имот во Австралија

Читај повеќе

Трамп: Оној кој ја спасува својата земја не крши ниеден закон

Читај повеќе

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Читај повеќе

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Читај повеќе

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Читај повеќе

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите

Читај повеќе