Ѕирнете во луксузната вила во која се снимаше филмот „House of Gucci“

Една од локациите каде што се снимаше филмот „House of Gucci“ е вилата Балбијано на езерото Комо, а од вчера е достапна за изнајмување на Airbnb.

Ноќевање на луксузниот имот чини нешто повеќе од 1000 евра, а фотографиите нудат увид во палатата од 17 век.

Во филмот „House of Gucci“, таткото на семејството, Алдо Гучи, живее во големата палата од 17 век со раскошни градини, барокни фрески и украсени позлатени ентериери. Интересно е што ова не е филмски сет, а некои гледачи уште од трејлерите го препознаа вистинскиот идентитет на имотот - вилата Балбијано - една од најпознатите на езерото Комо.

Од вчера, страницата за изнајмување Airbnb официјално го претстави големиот имот, иако само за краток период во март. Понудата сигурно ќе ги привлече модните фанатици, љубителите на историјата и уметноста.

Вилата Балбијано датира од 17 век и била најпознатиот дом на кардиналот Дурини во 18 век. Собрал голема колекција на уметнички дела и купил дополнителни парцели на кои потоа изградил дополнителни објекти, вклучително и црква. За време на неговото владеење, Вила Балбијано стана место за собирање на италијанските интелектуалци.

Денес, просторот на вилата е исполнет со мебел набавен од аукции во Sotheby’s и Christie’s. Фреските од 17 век на барокните сликари браќата Реки и Агостино Силва се извонредно добро сочувани.

Познатиот француски дизајнер на ентериер Жак Гарсија, исто така, помогна да се модернизираат шесте апартмани на вилата за да можат денешните посетители да уживаат во нив. Други луксузни детали вклучуваат кристални лустери, мермерни бањи и мебел тапациран со кадифе во боја на скапоцени камења.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе