ЗОО Скопје бара предлози за имиња за новите женски лавчиња

МИА/КАЈГАНА
/ 27.06.2022 / 11:32

Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу.

Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на Facebook страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на Facebook страницата на Град Скопје.

Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела, а во текот на следната недела одбраните имиња ќе бидат и јавно објавени.

По повеќе од 20 години, во март годинава во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња. Лавчињата, како што посочуваат од Зоолошката, одлично напредуваат под будното око на вработените кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови.

– Лавчињата ја примија и првата вакцина, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните, се вели во соопштението.

Тагови
реклама

Живот

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Оваа сабота во Јавна соба базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе