УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Зошто Бенфика и Јуве вечерва ќе играат без goal-line технологија?

Вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Јувентус се игра без технологија на гол-линијата од бизарна причина.

Бенфика вечерва на стадионот „Да Луз“ од 21 часот го пречекува Јувентус, а главниот судија на натпреварот Срѓан Јовановиќ нема да ја има помошта од goal-line технологијата.

Goal-line технологијата е воведена пред ВАР, а тоа е систем кој автоматски проверува дали топката ја минала гол линијата и веднаш му испраќа сигнал на судијата дали голот е важечки.

Но, вечерва на српскиот судија ќе му биде ускратена таква помош од прилично бизарна причина.

На стадионот на Бенфика се вршат градежни работи и поради нив е недостапна goal-line технологијата. Бенфика не ја известила УЕФА навреме за овој проблем, а чадор-куќата на европскиот фудбал донесе одлука овој натпревар да се игра без оваа технологија.

„За жал, нема да може да се инсталираат потребните уреди за да функционира системот. Натпреварот ќе се одржи без него“, соопшти УЕФА.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе