Зошто некогаш врне дожд, а некогаш не?

Сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале „зошто токму денеска врне дож“.

На прв поглед се чини дека нема ништо чудно во тоа - дождот е појава од водената пареа во облаците која кондензира и паѓа на земјата. Меѓутоа, работите се посложени од тоа - ако детално се погледне што сѐ треба да се случи во атмосферата за да заврне дожд, би можеле оваа појава да ја сметаме и за чудо.

Дождовните капки, се разбира, паѓаат на тлото поради земјината гравитација, исто како и сите други тела во гравитациското поле. Но, зошто дождовните капки од некои облаци паѓаат, додека од други облаци остануваат во воздухот? Што ги држи облаците толку високо на небото и што им се случува кога ќе паднат на земјата?

Иако често така се претставува, облаците не се сочинети од водена пареа, односно облаците не се само вода во гасовита состојба. Облаците се сочинети од вода во течна состојба - тоа се огромни кластери од екстремно ситни капки.

Водената пареа се подигнува од тлото благодарение на тоа што водените површини, мали и големи, непрестајно испаруваат. На некоја височина, поради вертикалните воздушни струења, промената на притисокот, одржувањето на температурата и адијабатските процеси, пареата кондензира и се претвора во капки вода. Притоа треба да се знае дека воздухот насекаде околу нас нема иста густина, ниту е подеднакво заситен со водена переа.

Кога влажноста на воздухот ќе достигне 100%, тоа значи дека пареата се претворила во капки. Тогаш зборуваме за облак.

Капките во облакот имаат пречник од околу 0,01 мм, што е екстремно малку, така што обичната кондензација на водена пареа никогаш нема да предизвика дожд. Гравитацијата би ги повлекла капките на тлото, но поради вертикалните воздушни струења, а пред сѐ поради отпорот на воздухот, тие нема да паднат.

Тоа е така бидејќи капките имаат премали димензии за да го совладаат отпорот на воздухот. Всушност, капките во облаците се толку мали што се однесуваат како да се заковани на небото, иако гравитацијата делува на нив. За да паднат и да се претворат во дожд, мора значително да пораснат - конкретно, околу 50 пати. Од клапкина перспектива, тоа е како еден човек одеднаш да нарасне и да се претвори во Емпаер Стејт Билдинг. Доколку би имале свест, облачните капки таму горе веројатно би сметале дека дождот е тотално невозможна појава.

Меѓутоа, густината на капките во облаците е голема и доаѓа до нивно спојување. Тогаш капките обично се разредуваат, така што при паѓањето ги има помеѓу 100 и 1.000 на метар кубен.

Ова всушност ретко се случува, тогаш кога во облакот ќе дојде до нагло движење и мешање на капките вода кои меѓусебно се спојуваат и стануваат сѐ поголеми, доволно големи за да го совладаат воздушното струење.

Тогаш почнува да врне.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе