Зошто пешачењето е подобро за метаболизмот отколку одењето во теретана?

Ф.З.
/ 14.03.2024 / 15:56

Ако сакате да изгубиме тежина, вежбањето е многу важно. Не само што е неопходно за одржување на кондицијата и физичкото здравје, туку е добро и за менталното здравје. Но, излегува дека пешачењето е всушност подобра активност од одењето во теретана.

Шејн О'Мара, професор по експериментално истражување на мозокот на Колеџот „Тринити“ во Даблин, Ирска, во подкастот „Don't Tell Me The Score“ објасни зошто луѓето треба повеќе да пешачат.

За да изгубите тежина, треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате, што е познато и како калориски дефицит. Редовната физичка активност може да го забрза нашиот метаболизам што може да ви помогне побрзо да изгубите тежина.

Професорот О'Мара објасни како редовната лесна активност во текот на денот е подобра за вашиот метаболизам отколку кратки интензивни, но ретки активности, како што е одењето во теретана.

Метаболизмот е хемиски процес кој се одвива во нашето тело за да нѐ одржи во живот и нашите органи да функционираат нормално. Овој процес бара енергија и колку е поголем вашиот метаболизам, толку повеќе калории согорувате.

О'Мара објасни како луѓето сметаат дека одењето во теретана еден час ќе има поголем ефект врз нивниот метаболизам и губење на тежината, без разлика дали биле неактивни во остатокот од денот.

Националната здравствена служба (НХС) наведува дека пешачењето е лесен и бесплатен начин да станете поактивни, да изгубите тежина и да станете поздрави. Исто така, се наведува дека тоа „понекогаш се занемарува како форма на активност“, но дека „брзото одење може да помогне во градењето издржливост, согорувањето на вишокот калории и да го направи вашето срце поздраво“.

Не мора да пешачите со часови секој ден, бидејќи НХС истакнува дека брзото 10-минутно дневно пешачење ќе има многу здравствени придобивки и се брои на препорачаните 150 минути вежбање неделно.

Ако немате време да излегувате, можете да пешачите и дома. Сѐ што ви треба е трака за трчање/одење на која можете корисно да го користите времето дома.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Фит

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Read more

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Read more

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Read more

Храна што треба да ја избегнувате ако сакате да го намалите салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе

Два знака на почетокот на врската што не треба да ги игнорирате

Читај повеќе

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе