Зошто треба барем еднаш во животот да патувате сами?

Постојат многу различни начини како да го искористите одморот: патување со друштво, со партнерот, со семејството, со еден или со повеќе луѓе... или пак  - сами.

 

Според најновите истражувања, сѐ повеќе луѓе избираат да патуваат сами, а причината за тоа е слободата и потребата за предизвик.

Британската истражувачка компанија YouGov и онлајн службата за букирање Agoda спроведоа истражување за патувања, поточно за туристите кои се одлучиле сами да патуваат до некоја позната дестинација.

За да дојдат до одговор на прашањето кои дестинации се најдобри за луѓе кои патуваат сами, но и да дознаат кои се причините за таквата одлука, тие ги споредиле податоците од корисници од Азија, Северна и Јужна Америка, Европа и од Австралија.

Резултатите покажале дека релаксацијата е главниот мотив за соло патниците, а потоа следат желбата да излезат од рутина и истражувањето нови култури.

Кога станува збор за патниците од Азија, најчеста дестинација за соло патување им бил Бангкок, а меѓу популарните дестинации се Куала Лумпур, Токио, Сингапур, Хонгконг, Хо Ши Мин и Манила.

Американците, Европејците и Австралијците најчесто патуваат во Лондон, Токио, Сиднеј, Мелбурн, Њујорк, Бангкок, Лос Анџелес и Лас Вегас.

Интересно е што Токио е подеднакво популарен град за соло патниците од сите континенти. Сите спомнати дестинации се метрополи што нудат голем избор кога се во прашање атракции, ноќен живот, шопинг и добра храна.

Истражувањето исто така воочи разлика во возраста меѓу соло туристите според местото од каде доаѓаат. Патниците од Азија обично се млади од 18 до 26 години, а од Европа и од Америка се главно луѓе над 39 години.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more
 

Магазин

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе