Фјодор Достоевски е роден на 11 ноември 1821 година и е еден од најголемите писатели на сите времиња и еден од првите претставници на психолошкиот реализам.

Од неговите сложени ликови научивме за љубовта и страдањето, за човечките слабости и вредности, а ни остануваат неговите совети за успех. Во продолжение прочитајте некои од највпечатливите.
1. Моќта им се дава само на оние кои се осмелуваат да се наведнат и да ја кренат. Само едно е важно, само едно - да можеш да се осмелиш.
2. Ако сте успешни во нешто, или ќе ве копираат, или ќе ви завидуваат, или ќе ве мразат.
3. Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа, не размислувајте за минатото, само погледнете во иднината.
4. Ако се упативте кон целта и попат почнавте да застанувата за да фрлате камења по секое куче што лае по вас, никогаш нема да ја достигнете целта.
5. Сите идеали на светот не вредат за солзите на едно дете. Никогаш не правете ништо додека гневот ве кочи.
6. Човекот е склон да ги набројува своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Ако ги наведе онака како што заслужуваат, ќе види дека секој има доволно среќа во животот.
7. Преземањето нов чекор или кажувањето нов збор понекогаш е она што најмногу ги плаши луѓето.
8. Ако сакате да ве почитуваат, прво мора да се почитувате себеси, единствениот начин на кој можете да ги натерате другите да ве почитуваат.
9. Не постои толку стара тема да не може да се каже ништо ново за неа.
10. Заведи го мојот ум и го имаш моето тело, најди ја мојата душа и ме имаш засекогаш.