10 рекорди кои Манчестер Сити ги постави во Премиер лигата оваа сезона

Тимот на Гвардиола можеби навистина не е најквалитетниот во историјата на Премиер лигата, но на оние кои го тврдат тоа, бројките и статистиката од оваа сезона дефинитивно им одат во прилог.

Манчестер Сити оваа сезона буквално ја ресетираше листата на рекорди во Премиер лигата.

Постоеја рекорди стари една, осум, 13, 18 години и постари, но од сега како највисок стандард во повеќето статистички категории први ќе бидат достигнувањата кои ги оствари тимот на Пеп Гвардиола во сезоната 2017/2018.

Интересно е дека дури три рекорди се поставени со голот на Габриел Жесус во 94 минути во натпреварот против Саутемптон во последното коло.

Тоа беше идеален крај за речиси совршената сезона во домашното првенство за „Граѓаните“.

1. Најмногу поени - 100

Рекордот кој го држеше Челзи со 95 освоени поени во сезоната 2004/05 под водство на Жозе Мурињо, сега конечно е срушен и тоа со победата на Сити над Брајтон во претпоследното коло. Граѓаните после тој натпревар имаа 97 поени, а после победата над Саутемптон во последното коло нивниот ефект беше заокружен на 100 поени.

2. Најмногу постигнати погодоци - 106

И овој рекорд му припаѓаше на Челзи, но го оствари со Анчелоти во сезоната 2009/10, кога „Сините“ постигнаа 103 погодоци. Сити две кола пред крајот имаше 102 погодоци на своето конто, а потоа му даде три на Брајтон и еден на Саутемптон, за да стигне до бројката од 106.

3. Најголема бодовна разлика - Плус 19 во однос на второпласираниот тим

Манчестер Јунајтед во 2000 година стана шампион со 18 поени повеќе од тогаш второпласираниот Арсенал (91:73).

Сега овој рекорд е срушен за плус еден поен, откако Сити заврши како шампион со дури 19 поени разлика повеќе токму од лутиот градски ривал Манчестер Јунајтед, кој заврши како второпласиран.

4. Најмногу победи - 32

Челзи минатата сезона под водство на Антонио Конте стана шампион со 30 остварени победи, но овој рекорд не издржа ниту една година.

Сити го изедначи во 35 коло со триумфот над Вест Хем во Лондон, го сруши против Брајтон, а дополнително го подобри против Саутемптон.

Овој рекорд на Сити има дополнителна тежина, бидејќи Челзи дојде до 30 победи во сезона во која не учествуваше во европските натпреварувања, а знаеме дека Сити играше и Лига на шампиони каде стигна до четвртфиналето.

5. Најмногу последователни победи - 18

Арсенал во сезоната 2001/02 и Челзи во сезоната 2016/17 имаа по 13 победи по ред во една сезона.

Манчестер Сити ја почна серијата со победата во третото коло против Борнмаут и не застана се до 31 декември, кога одигра нерешено кај Кристал Палас во гости. Рекордната, 14 последователна победа запишана е против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а осумнаесеттата против Њукасл.

6. Најмногу победи во гости – 16

Во споменатиот меч против Вест Хем изедначен е рекордот на Челзи под водство на Мурињо од 15 победи на гости, од сезоната 2004/05, а Габриел Жесус со голот во последните моменти против Саутемптон му ја донесе на Сити и 16 гостинска победа.

7. Најдобра гол разлика - Плус 79

Челзи под водство на Анчелоти во 2010 година ја заврши сезоната со победа од 8:0 над Виган, за вкупна гол разлика од плус 71. Тимот на Сити под водство на Гвардиола сега има 106 постигнати и 27 примени голови, па има нова рекордна гол разлика од плус 79.

8. Најголем посед на топката - 71 %

Со напомена дека оваа статисика се води само во последните осум сезони, „Граѓаните“ просечно ја имале топката во свој посед дури 71 % од времето, што е за седум отсто повеќе во однос на рекордот поставен во сезоната 2016/17.

9. Најмногу точни додавања - 28.242

Во првата сезона со Гвардиола Сити имаше 20.506 точни додавања, додека оваа сезона ја зголеми таа бројка за речиси 40 отсто, на 28.242 прецизни додавања.

10. Најрано обезбедена титула

Овде Сити само го изедначи рекордот на „Црвените Ѓаволи“ од сезоната 2000/01, кога Јунајтед ја обезбеди титулата првак пет кола до крајот.

Шансата за шест кола пред крајот да станат шампиони и на тој начин да постават нов рекорд, новиот шампион на Англија ја пропушти во градското дерби на „Етихад“ на 7 април, кога после водство од 2:0, следуваше пресврт и пораз од Манчестер Јунајтед со резултат од 2:3.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе