18 ката под земја лежи една од најдобро чуваните тајни на Москва

Длабоко под московските улици е метеж од тунели и соби во кои 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат надвор.

Откако поранешниот Советски Сојуз ги изврши првите нуклеарни тестови, беше утврдено дека мора да се направат засолништа на длабочина од најмалку 50 метри под земјата за да се избегнат последиците од евентуален напад и радиоактивното зрачење. Тогаш беше дизајниран и создаден Бункер-42.

Пред инженерите бил поставен огромен предизвик - требало да изградат монументална и безбедна градба според одредени спецификации под градските улици, без да ја нарушат постојната инфраструктура и без да бидат откриени од граѓаните и политичките непријатели. Тоа била една од најдобро чуваните тајни на Москва.

Влезот е добро замаскиран

Поради стратешки причини и близината на Кремљ, Бункер-42 почнал да се гради под еден рид во областа Таганга. Изграден е до 1956 година. Бил наменет за членови на политичкиот врв, а за среќа на населението никогаш не бил искористен за својата примарна функција. Се простира на 7 илјади квадратни метри.

За време на Студената војна, бил база од која се надгледувале авионите што превезувале чувствителен товар, како што е нуклеарното оружје.

Музеј на Студената војна

Денес, овој простор е претворен во историски споменик и музеј наречен Бункер-42, кој открива како изгледал животот зад Железната завеса.

Секој посетител, кога ќе добие билет, се спушта 18 ката под земја и се наоѓа во простор во кој 30.000 луѓе би можеле да преживеат 90 дена без да излезат на дневна светлина.

Во рамките на музејот има ресторан со руски специјалитети, а просториите се изнајмуваат за проби и настапи на хеви метал бендови, тим билдинг, конференции, па дури и свадби.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе