2020 – годината кога ЕУ повторно ја изневери С. Македонија

За Северна Македонија 2020 година почна со нова надеж, по последното разочарување од крајот на 2019 кога Франција го блокираше почетокот на пристапните преговори со ЕУ.

На барање на Париз и неколку други земји, Европската комисија со полна пареа се зафати да работи на т.н. нова методологија за преговори – на која до денешен ден многумина гледаат со скепса.

Желни за компромис и надминување на отпорот на влијателните земји како Франција, службите на Комисијата веќе во првото тримесечје излегоа со нова методологија. Според нив, оваа методологија ќе го забрза и поедностави процесот, иако истовремено ќе им даде поголемо политичко влијание на земјите членки на ЕУ во процесот на преговори со земјите кандидати. Настрана контрадикторноста на овој принцип, Европската Унија и посебно Германија, која се подготвуваше да го заземе кормилото на Унијата на 1 јули, изрази огромно задоволство.

Конечно Северна Македонија, заглавена во европскиот лавиринт, ќе започнеше преговори со Унијата.

Кон крајот на јуни, на брифинг со германскиот амбасадор при ЕУ, Михаел Клаус, на прашање на МИА дали со сигурност може да каже дека за време на претседавањето на неговата земја, од 1 јули до 31 декември 2020, Северна Македонија ќе ја одржи долгоочекуваната прва меѓувладина конференција, со што и формално ќе започнат преговорите, одобрени во март, тој без никакво двоумење изјави „да“.

Дали Германија го прецени својот капацитет или го потцени капацитетот на другите земји на ЕУ да блокираат ќе каже времето, но неколку месеци подоцна Софија почна да дава сигнали дека нема намера да попушти сѐ додека Скопје не ги прифати нејзините услови поврзани со Договорот за пријателство.

Условите, во најголем дел нејасни ниту за Северна Македонија, ниту за останатите 26 земји членки на ЕУ, наидоа на сериозен отпор кога стана јасно дека Бугарија има намера да го држи во заложништво целиот преговарачки процес, односно дека бара посебно поглавје во преговорите со Северна Македонија, целосно посветено на бугарските барања.

Најверојатно инспирирана од процесот со Србија, во чии преговори постои цело поглавје посветено на Косово, Бугарија оцени дека истото треба да се примени и со нејзиниот македонски сосед.

Преговарачката рамка Софија одби да ја усвои сѐ додека не се прифати ова барање.

Земјите членки на ЕУ, вклучително и Германија, предупредуваа, и отворено и зад кулисите, дека ова барање не може да добие поддршка кај другите земји членки поради преголемиот ризик од создавање преседан во процесот на преговори, но и поради фактот што со оваа логика преговорите со Северна Македонија ќе се сведат на билатерални преговори со Бугарија и со тоа ќе се паразитира и политизира процесот на преговарање наместо да се фокусира енергијата на фундаменталните прашања како што се владеењето на правото, корупцијата, правдата, итн.

Заглавена во една од најголемите кризи од своето постоење – светска пандемија, неусвоен буџет, тензии со Унгарија и Полска, и ќор сокак во преговорите со Британија – ЕУ не можеше (или не сакаше, секоја земја има свое толкување) да најде сила да се справи со бугарските барања, оставајќи ја уште еднаш Северна Македонија на цедило.

Кон почетокот на декември веќе беше јасно дека Скопје нема да добие ниту меѓувладина конференција, ниту преговарачка рамка во 2020 година. Остануваше последна битка против непринципиелните барања на Софија: заклучоците за проширувањето на ЕУ.

Овие заклучоци редовно се усвојуваат секоја година и имаат за цел да му дадат политичка динамика и заложба на процесот на проширување. Кризи имало и претходно, а кога земјите членки на успевале да се договорат, земјата претседавач излегувала со свои заклучоци, иако тие ја немаат тежината на заедничките заклучоци.

Но, оваа година не е како ниедна друга, а тоа се потврди и за односите на ЕУ кон Западниот Балкан.

Под притисок на Софија, повторно, се бараше заклучоците да содржат референца за „претензии“ засновани на „погрешно толкување на историјата“. Барање кое и Германија и повеќето земји на ЕУ се противеа, повторно поради создавање на преседан кој може понатаму, посебно за Балканот, да биде спорен и проблематичен.

Софија, како и за преговарачката рамка, не отстапуваше. Зошто и како се случи не е јасно. Дипломатите во Брисел имаат различни верзии, но фактот е дека во средината на декември германското претседателство попушти и ја вметна оваа крајно контроверзна реченица.

Дали Берлин знаел дека други земји ќе блокираат, па не сакал да влегува во директен конфликт со Софија? Дали на Германија ѝ беше најважно да има заклучоци за целиот регион, па и по цена на таа реченица? Секакви теории кружат низ бриселските кулоари, но за Северна Македонија, хероите на денот на крајот беа Чешка и Словачка, кои по итна постапка, на највисоко министерско ниво ги блокираа овие заклучоци, нагласувајќи дека ЕУ не е местото каде се „толкува“ историјата и дека процесот на проширување не смее да стане заложник на билатералните проблеми.

Додека во Скопје ова беше дочекано како победа, во другите престолнини во регионот, како и во некои земји на ЕУ, на ова се гледа како на своевиден пораз. Имено, тие заклучоци за проширувањето содржеа и други важни политички пораки за другите земји од Западниот Балкан, посебно за изборите во Босна и Херцеговина, што е од голема важност за Хрватска, на пример.

Сега, прашањето се префрла во рацете на следниот претседавач со ЕУ, а тоа е Португалија, чиј интерес за проширувањето е речиси непостоечки, и до овој момент не е познато кога воопшто ќе биде ставена темата на дневен ред.

Со оглед на тоа дека Бугарија треба да организира избори во март, јасно е дека малкумина веруваат оти има поента да се дискутира за Северна Македонија во таква наелектризирана состојба.

Прага и Братислава, но и другите земји со интерес за проширувањето, несомнено ќе побараат да се разгледа темата и тоа на министерско ниво.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе