НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 декември 1945, почнало производството на легендарната Буба

Првата повоена „Буба“ излезе од производната линија на фабриката во Волфсбург на 27 декември 1945 година.

Историјата на развојот на „Буба“ започнува пред Втората светска војна, кога Фердинанд Порше започна да работи на својата визија за возило што може да се произведува масовно и кое ќе биде достапно за просечниот Германец.

Идејата на Порше наиде на одобрување на Адолф Хитлер, кој и самиот бил фанатик за автомобили, иако не знаел да вози, но врз кој потоа влијаеле достигнувањата на Хенри Форд и неговата производна линија, која ја научил читајќи ја биографијата на Форд.

Импресиониран од талентот за дизајн на Порше, Хитлер му дал нацрт на автомобил во кој може да се сместат двајца возрасни и три деца со максимална брзина од околу 40 км/ч. Цената на таквиот автомобил не смеела да ја надминува цената на тогашната цена на мотоцикл.

Првите прототипови се појавија на патиштата во 1935 година. Кабриолетот V1 и V2 имаа алуминиумско тело поставено на традиционални дрвени рамки. Уште во 1936 година почна да се користи челична конструкција опремена со мотор од 22 КС кој можеше да достигне брзина од 40 км на час.

Следните 30 прототипови беа направени во Daimler-Benz, фабрика која со маки прифати производство на евтин автомобил затоа што ја наруши нејзината репутација како производител на скапи и луксузни возила.

На 26 мај 1938 година беше отворена нова фабрика и предвоеното производство на „народниот автомобил“ започна во септември 1939 година, истиот месец кога започна Втората светска војна, оставајќи илјадници клиенти кои платија за свој автомобил без нивните „Буби“.

Инаку, автомобилот имал сличности со моделот Tatra T97, произведен во Чехословачка во 1937 година, но и со скиците на унгарскиот инженер Бела Барени објавени во 1934 година.

На крајот на Втората светска војна, Германија беше поделена на четири окупациски зони, а фабриката во која започна производството на „Буба“ пред војната дојде во рацете на Британците.

Мајорот Иван Хирст беше доведен за да ја процени можноста за обновување на производството на „Буба“ како превозно средство за окупаторските сили.

Повоеното сериско производство започна на 27 декември 1945 година, а веќе во 1946 година фабриката произведуваше 1.000 автомобили месечно.

По назначувањето на нов генерален директор на фабриката во 1948 година, беше одлучено да се прошири гамата на Volkswagen. На две фабрики им беше дадено одобрение за производство на прототипови на верзијата „Буба“ кабриолет.

Прототипите беа целосно тестирани и по добиеното одобрение од Volkswagen, започна производството на каросеријата за 2.000 автомобили.

Најголемата промена беше воведена во 1971 година. Надградената „Буба“ имаше нова предна суспензија, што овозможи преместување на резервоарот за гориво и резервните гуми, оставајќи повеќе простор за багажот.

Го придвижуваше мотор со 50 КС, а промените во моторот следеа по промените во дизајнот на каросеријата и внатрешноста.

Моделот Beatle конечно го престигна Ford Modet T од 1972 година како најпродаваниот автомобил некогаш направен.

Последната „Буба“ произведена во Германија ја напушти производната лента во 1978 година, но тоа не беше крајот на патот за овој познат модел. Производството на „Буба“ продолжи во Мексико во фабриката која е изградена во 1954 година.

20-милионитата „Буба“ излезе од мексиканската производна линија во мај 1981 година, а поради големата побарувачка во Европа, Volkswagen почна да ја увезува „Буба“ од Мексико до 1985 година.

До 2003 година, производството на овој модел падна на само 30.000 единици во споредба со 1,3 милиони во 1971 година. Последната произведена „Буба“ во Volkswagen пеше испратена во музејот на автопроизводителот во Волфсбург.

Интересно е што „Буба“ извесно време се склопуваше во поранешна СФРЈ, во Сараевската фабрика за автомобили (ТАС), каде што подоцна се произведуваше и VW Golf. Производството започнало во 1969 година, а „Бубите“ од ТАС биле означени со 1200 J и 1300 J.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе