27 јули 1981, почнала со работа новата Железничка станица во Скопје

Со свечена церемонија на денешен ден, 27 јули, во 1981 година била пуштена во употреба новата Железничка станица во македонската метропола.

Откако во скопскиот земјотрес од 1963 година старата Железничка станица била драстично оштетена, во годините кои следувале Скопје добил разни проекти за нови градби. Таков бил и проектот на јапонскиот архитект Кензо Танге за нова железничка станица, кој сепак не бил остварен според неговите планови. Целосниот проект била мега структура наречена Градска порта чиј составен дел била и железницата.

Кензо Танге присуствува на поставувањето на камен темелникот

Старата железничка и натаму се користела сѐ до денешниот ден кога во во 11:30 часот заминал последниот воз со што таа станица заминала во историјата. Зградата на станицата, која земјотресот драстично ја уништил, од 1970 година служи како Музеј на Град Скопје. Потоа, во 12:35 часот пристигнал првиот воз на новата Железничка станица со што бил означен почеток на една нова ера.

Remote video URL

Железничката е дел од комплексот наречен Транспортен центар и се наоѓа помеѓу населбите Пролет и Маџир Маало од една и Мичурин и Острово од друга страна. Има 10 колосеци поставени на масивен бетонски мост, долг 2 километра. Изградена е во бруталистички стил и се градела 10 години.

Фото: ЖРСМ

За жал денес железничкиот сообраќај е заборавен од државата и народот не ги ползува придобивките од ефикасен железнички транспорт. Скопската Железничка станица е оставена на забот на времето и функционира минимално.

Поглед кон север; Фото: Филип Здравески / Кајгана
реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе