30 ќебапи – 3 години, 30 милиони – условна: Бурни реакции по изгласувањето на измените во Кривичниот законик

Остри реакции на социјалните мрежи откога Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик. „За“ измените гласаа 48 пратеници, 36 беа „против“, а 1 беше „воздржан“.

Измените се однесуваат на казните на неколку кривични дела, односно за значително намалените казни за разните облици на кривичното дело од член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластувањето, со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394 – Злосторничко здружување, со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.

„Во март 2020, кога донесоа позитивна одлука за отворање преговори, па не можеа да ја спроведат поради Бугарија, ја задолжија Комисијата да мониторира дали ги исполнуваме условите од 2018. Правна разврска за случаите на СЈО беше услов за позитивната одлука.

Со предложените измени на Кривичниот законик сето ова паѓа во вода. Ќе си застарат случаите, и тие и поновите, и ќе си добиеме ново вето, овој пат сосема оправдано.
И нема да биде бугарско. Но, тоа веројатно нема да боли. (Ќе) си имаме ние поголеми грижи со пустошот дома“, пишува поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„30 ќебапи – 3 години, 30 милиони – условна…“, вели адвокатот Драган Пешевски.

„Владата и лично премиерот предлагаат, поради наводна потреба од усогласување на регулативата со ЕУ (европско знаменце), драстично намалување на казните за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Сето ова во услови на масовна коруптивност на носителите на функции“, пишува Јанаки Митровски.

„Тројца актуелни пратеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и ‘Бугари у Устав!’“, вели Димитар Апасиев.

„Не викајте ги вмровци, викајте ги кворумџии“, додава Апасиев.

Некои и кинеа дипломи.

Претходно, групата „Блупринт“ реагира во однос на предлог-законот за измени на Кривичниот законик по скратена постапка.

Оттаму велат дека измените во Кривичниот законик ќе влијаат и врз судските постапки иницирани од СЈО, како и дека постои опасност од настапување апсолутна застареност.

Албанските партии, Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење, сметаат дека измените во Кривичниот законик се прават за да се спаси Никола Груевски.

реклама

Три хороскопски знаци ќе имаат среќа со парите од 9 октомври

Read more

Вртоглавица: Не е болест, но може да биде симптом за болест

Read more

Мувла може да се појави и на вашите теписи - како да се ослободите?

Read more
Одрон зароби илјадници луѓе во Швајцарија

Одрон зароби илјадници луѓе во Швајцарија

Read more

Македонија

Митева и Љатифи Азизи избрани за портпароли на Владата

Read more

Јаневска: Сите имаме обврска да помогнеме во задржувањето на младите во Македонија

Read more

„Вреди“: ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко

Read more

До 30 илјади евра грант за бизнис за млади, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Митева и Љатифи Азизи избрани за портпароли на Владата

Читај повеќе

Колку може да биде опасна израелска војна на повеќе фронтови?

Читај повеќе

Јаневска: Сите имаме обврска да помогнеме во задржувањето на младите во Македонија

Читај повеќе

„Вреди“: ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко

Читај повеќе

Сведочeше Коста К.: Се чувствував отфрлено, затоа ги убив

Читај повеќе

Кина воведе царини за европските жестоки пијалаци

Читај повеќе
  • filter

Вечерва се спушта завесата на 12. „Џифони Македонија“

Читај повеќе

Израел: Го убивме шефот за логистика на Хезболах

Читај повеќе

До 30 илјади евра грант за бизнис за млади, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе