360 степени: Слаб интерес за дарување крвна плазма кај оздравените од коронавирус
Мал е бројот на излекувани од COVID-19 кои откако ја победиле болеста донираат крвна плазма за да им помогнат на болните, се вели во видеоприлогот на Петар Клинчарски објавен вчера, 16 јуни 2020 година, на порталот 360 степени.
Лекувањето на COVID-19 со крвна плазма од оздравени е еден од најнадежните методи за лекување на лицата што развиваат потешка клиничка слика од коронавирусот.