Сакате да влезете во празничниот дух, но не знаете кој божиќен филм да го гледате? Пиратите нека ви бидат инспирација.
Сезоната на празници е период кога онлајн пиратеријата го достигнува својот врв. Вишокот слободно време ја поттикнува потрагата по бесплатна забава, а особено се издвојува една категорија филмови.
Ова се, се разбира, божиќни филмови. Иако повеќето легално гледаат ваков тип на содржина, зад спуштените ролетни на некои домови овој тип на забава пристигнува преку TCP пакетите и некои од најдобрите торент сајтови, убаво спакувани во формат MKV или MP4.
Благодарение на анализата на сајтот TorrentFreak, сега имаме увид кои божиќни филмови се најпопуларни меѓу луѓето кои пловат по дигиталното море под црно знаме.
Сосема не изненадува податокот дека култниот Home Alone од 1990 година убедливо го зазеде првото место. Дури и 32 години по премиерата, луѓето едвај чекаат да го гледаат Меколи Калкин во улогата на Кевин Мекалистер како се обидува да се ослободи од провалниците на духовити начини (и во двата наврати). Погледнете ја комплетната топ 5 листа:
-
Home Alone
-
Home Alone 2: Lost in New York
-
The Grinch
-
Elf
-
How the Grinch Stole Christmas
Кои се вашите омилени божиќни филмови?