8 интересни факти за римскиот Пантеон

Храмот на сите богови, или Пантеон, со својата убавина и монументалност и ден денес го одзема здивот, речиси 2.000 години откако е изграден.

Неверојатниот дизајн, пропорциите, елеганцијата и хармонијата на оваа прекрасна градба секако укажуваат на тоа колку моќна била Римската империја. Кога првпат го видел, Микеланџело мислел дека Пантеонот го изградиле ангели, а не луѓе.

Ова се 8-те најинтересни факти за Пантеон кои можеби не сте ги знаеле:

Име

Зборот пантеон на грчки значи „почит кон сите богови“. Пантеонот првично бил изграден како храм на сите богови.

Единствената недопрена градба од антички Рим

Вистинско чудо е како Пантеон успеал да ги преживее сите оние напади на варварите кои до темел ги уништиле сите други споменици. Фактот дека Пантеонот станал црква во 609 година игра голема улога, како и неговата цврста структура, која секако била невообичаена за тогашните градби. Она што е познато е дека е изработен од материјал кој силно наликува на бетон, а кој тогашните градежници не го знаеле. Во секој случај, Пантеонот е единствената зграда која останала целосно недопрена од тој период и успеала да му се спротивстави на забот на времето.

Не се знае колку е стар

Според легендата, Пантеонот бил изграден на истото место каде Ромул, митолошкиот основач на Рим, се вознел во рајот. Многу историчари тврдат дека првиот Пантеон го изградил императорот Август во 27 година п.н.е., кој потоа изгорел за време на големиот пожар што се случил во 80 година од нашата ера и бил повторно изграден од царот Домицијан. Во 110 година, гром удрил во храмот и го изгорел до темел.

Пантеонот каков што го знаеме денес го изградил императорот Адријан во 120 година, кој ја сакал архитектурата и кој самиот, со помош на двајца грчки архитекти, Аполодор и Дамаск, учествувал во изградбата на храмот.

Импресивна купола

Импресивната купола е еден од најфасцинантните делови на зградата, која има отвор на самиот врв, кој го нарекуваат и окото на Пантеонот. Куполата се смета за најголема во светот веќе 1300 години, а и денес се смета за најширока купола која нема потпора. Нејзиниот дијаметар е 43,30 метри и е во совршена пропорција со градбата, бидејќи растојанието од подот до врвот на куполата е исто како и неговиот дијаметар.

Внатрешност

Внатрешноста на храмот е во цилиндрична форма и покриена e со полусфера, а единствениот отвор во целата градба е оној на врвот на куполата. Во самиот Пантеон се наоѓаат гробниците на големите уметници како Рафаело, како и други личности од значење за италијанската култура. Мермерниот под со геометриски шари датира од антички Рим.

Гробот на Рафаело Санти
Столбови

Темелите на храмот се поддржани од 16 столбови во коринтски стил, од кои секој тежи 60 тони. Долги се 11,8 метри, а се донесени дури од Египет. Столбовите биле влечени на дрвени санки од каменолом кој од реката Нил е оддалечен околу 100 километри, а потоа на дрвени сплавови при пролетната плима биле транспортирани до Средоземното Море и пристаништето Остија.

Светлосни ефекти

Зраците на попладневното сонце на 21 април се рефлектираат на метална шипка над влезот и на тој начин го осветлуваат целото предно плато со светлина. Римјаните го слават овој датум како ден на основање на градот.

Remote video URL
Од пагански храм до црква

Пантеонот во 609 година бил пагански храм, кој дури подоцна бил претворен во црква, поради што не бил урнат во средниот век. Денес оваа зграда е црква што го носи името на Света Марија и сите маченици, но сите и натаму ја нарекуваат Пантеон.

реклама

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе