Ахмети: Имаме одвоени јазици и традиции, но ја имаме Македонија заедничка

Измената на Уставот ни го отвора патот за влез во Европската Унија. Затоа, ова е момент на меѓународно легитимирање на нацијата на нашите сограѓани Македонци. Во спротивно, да не се остава простор за сомнежи и толкувања зошто не е прифатено бугарското малцинство во уставните измени, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на денешниот традиционален новогодишен коктел.

– Со оспорувањето и отворањето на овие дилеми, се разбира, овој пат станува покомплициран и потежок. Затоа, колку побргу се реши и ова прашање, толку побрзо и подобро е за државата и за нашата заедничка перспектива и иднина, истакна Ахмети.

Според него, целата политизација на ова прашање во Бугарија нам ни изгледа неразумна и претерана.

– Нам ни се чини дека работите треба да се постават рационално и разумно. Тоа го кажувам со најголема искреност оти ДУИ, но и сите албански политички партии никогаш не работеле на штета на своите македонски сограѓани. Ова е историски момент. Навистина ние имаме одвоени јазици и традиции, но ја имаме Македонија заедничка. Мораме сите да се трудиме да работиме за иднината на генерациите, бидејќи иднината сака обединување, иднината сака унифицирање околу прашања поврзани со интегритетот на државата, со суверенитетот, со сигурна иднина на генерациите, рече Ахмети.

Тој нагласи дела иднината значи посветување на работата и искрено работење за да имаме вистински ветинг и владеење на правото.

– Владеењето на правото е неопходност што мора да стане функционално и оваа одговорност не е само на ДУИ, туку на сите политички партии, граѓански здруженија, медиуми. Без владеење на правото, не можеме да направиме никаков чекор кон зачленувањето на државата во ЕУ, додаде Ахмети.

Лидерот на ДУИ потенцира дека има нерешени проблеми и има уште незавршена работа во регионот, посочувајќи дека мора да се затвори нашето прашање со Бугарија, како и да се решат нерешените проблеми, како што е оној меѓу Косово и Србија.

– Не треба да се плашиме оти иднината ни е во Европа. Не треба да се плашиме од уставните измени кои нѐ очекуваат. Не треба да има страв во проекциите кои се прават во инфраструктурата. Нема иднина и мир за регионот на Западен Балкан без затворање на отворените рани кои сè уште течат. Заемно признавање меѓу Србија и Косово. Ова е иднината на регионот на Западен Балкан. Работите треба да се гледаат рационално и да се затворат сите отворени проблеми. Западен Балкан својата иднина ја има во Европската Унија и во трајното пријателство со Америка и сите европски земји кои вложиле напори за демократија, развој и владеење на правото, додаде Ахмети.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе