Ахмети одби да им се извини на Алфа и на Телма

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека она што го кажа во Гостивар споменувајќи ги телевизиите Алфа и Телма, не се однесувало кон телевизиите туку, како што рече, кон различните реакции кои постојат помеѓу граѓаните што се поттикнати.

Ова Ахмети го кажа на прашањето дали ќе им се извини на Алфа и на Телма.

– Сметам дека ова прашање е веќе објаснето. Значи, тоа не се однесуваше кон телевизиите, туку кон различните реакции коишто постојат помеѓу граѓаните и коишто се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани, рече Ахмети.

Ахмети исто така не смета дека на таков начин го загрозува правото на слобода на говор на граѓаните, повторувајќи дека „треба да се ориентираме правилно, поточно да научиме од минатото“.

– Значи, не е во прашање тоа што му одговара на некој да се каже, туку најважно е дека треба да бидеме, да се ориентираме правилно. поточно да научиме од минатото, рече лидерот на ДУИ.

На прашањето дека со тоа што го кажа го загрози интеритетот на медиумите и на вработените, тој рече дека сите имаме колективна одговорност.

– Тоа не се однесува, кажав и претходно, на медиумите, туку имаме колективна одговорност како да се справиме со општествените одговорности, рече Ахмети.

Имаме одговорност, вели тој, како „ги ориентираме граѓаните“.

– Значи да ја кажеш вистината знам дека е болно. Но, имаме одговорност како политички партии, како општествени организации, како медиуми, како ги ориентираме граѓаните, рече Ахмети.

ДУИ, без присуство на членовите на раководоството на т.н. огнена група во партијата, денеска во Скопје ја одбележа 555 годишнина од смртта на Ѓорѓија Кастриот, наречен Скендербег, за кого Ахмети кажа дека бил стратег и посебна историска личност важна за цела Европа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе