Активни 14.998 случаи, надлежните апелираат граѓаните да се вакцинираат

Бројот на активни ковид-случаи во државава изнесува 14.998 од кои најголем број 6025 се во Скопје, а 1913 се во Тетово. Во Гостивар има 1107 активни ковид случаи, во Куманово 946 случаи, Струмица – 690, Кичево- 612, Струга – 582, Охрид-510, Прилеп-280, Дебар – 239.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 722 нови случаи со COVID-19, 26 починати и 574 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175.766 тестирање на COVID-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројот на оздравени пациенти е 157.868, а на починати е 6.013.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во периодот од 6 август до 2 септември, во земјава се евидентирани 22.416 граѓани позитивни на COVID-19, од кои 18 отсто биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице, а 18.225 граѓани, односно дури 81 отсто не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87 отсто, додека само 13 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со COVID-19, 429 пациенти или 89 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 51 или 10 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, информираа од Министерството за здравство.

Заразените и починатите, како што се посочува, се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Moderna и J&J кои некои од пациентите ги примиле во странство. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Од Министерството потенцираат дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со COVID-19 имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.

– Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово каде опфатот со вакцинација е меѓу 54-61 процент, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово го пречека бранот само со 19 отсто вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува речиси 37 проценти. Слична е состојбата и во Гостивар каде, исто така, имаше мал опфат на вакцинирано население. Во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30 проценти, а бројот на починати со ковид е 73, информираат од Министерството.

Укажуваат на важноста на вакцинација и посочуваат дека секоја вакцина која ја има на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

– Да се отфрлат сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARS-CoV-2. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции, посочуваат од Министерството.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.475 граѓани, а само завчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата досега вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.

– Со последните бројки 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, додаваат од Министерството за здравство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе