Активни 2.091 случај во земјава, Европа се подготвува за нов ковид-бран

Од вкупно 1.153 тестирања од вчерашната ковид статистика, регистрирани се 411 лица позитивни на коронавирусот, односно 35 проценти од тестираните се позитивни. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вкупниот број позитивни лица, 88 се реинфекции, а нема починати лица. Оздравени се 210 пациенти.

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со вирусот во земјава.

Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против COVID-19, на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

-Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот COVID-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против COVID-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.

Додека состојбата со COVID-19 во земјава е стабилна, Европа и регионот се подготвуваат за нов бран.

Во Албанија бројот на нови случаи со COVID-19 бележи раст и во текот на вчерашниот ден, кога речиси секој втор тестиран е позитивен. Според информациите од Министерството за здравство, направени се 3.353 тестови, при што вирусот е потврден кај 1.563 или 46,6 отсто од тестираните.

Во моментов, во Албанија доминантна е новата подваријанта на Омикрон, БА5, којашто во моментов е присутна кај 64 проценти од случаите и тие се зголемуваат. Заземајќи го местото на БА2 кое моментално е 18 и БА4 со 14 отсто од заразените, но БА5 ја презема доминацијата.

Во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Како што изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, Бугарија се соочува со нов бран на COVID-19 и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, со што мора да бидат подготвени за секоја ситуација.

Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во текот на вчерашниот ден се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април. Починаа девет лица заразени со корона.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата до сега починале повеќе од 200.000 луѓе како последица од COVID-19, што ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа.

Вкупно 200.247 смртни случаи од COVID-19 се регистрирани од почетокот на епидемијата, а 294 луѓе починале минатата недела, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика.

Во Франција пак, забележано е намалување на бројот на позитивни случаи. Јавното здравство на Франција објави дека на 12 јули во Франција имало 182.006 нови случаи на Ковид-19, што е речиси 12 отсто помалку од минатата недела. Според нив, седмиот бран на COVID-19 ќе го достигне врвот кон крајот на овој месец, но потребно е да се почека три до четири дена за да се утврди дека се намалува бројот на позитивни лица.

Светската здравствена организација апелира дека COVID-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две ипол години откако првпат беше прогласена.

– Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи“, се вели во соопштението на одборот на СЗО.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека COVID-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, додаде тој.

Досега во Северна Македонија се направени вкупно 2.092.345 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе