Активни 2.683 случаи на COVID-19, 856 во Скопје

Со регистрирани 131 нов случај од вкупно 1.297 тестирања во изминатите 24 часа, моменталниот број на активни случаи во земјата изнесува 2.683, од кои најмногу 856 се во Скопје и 377 во Куманово, додека без регистрирани активни случаи се градовите Ресен и Крушево.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14.293.

Додека Дебар и Кичево се без новозаразени во последните 24 часа, Делчево со десет нови случаи е меѓу градовите со најмногу заразени.

Во Кичево вчера не се регистрирани нови заразени, со што вкупниот број на заразени со COVID-19 остана на 269 лица, од кои 70 се активни, 187 се излекувани и 12 лица се починати.

Без новозаразени во последното деноноќие е и Дебар, каде моментно активни на болеста се 84 лица.

Со десет нови случаи Делчево е меѓу градовите со најмногу заразени од COVID-19. Новите случаи како што информираа од делчевскиот здравствен дом се резултат на претходните тестирања и веќе познатите кластери.

Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.

Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрира 81 оздравен пациент и шест починати, со што бројката на оздравени пациенти е 11.014 и 596 починати.

На Инфективната клиника во Скопје вкупно се хоспитализирани 73 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 45. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти, 6 деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 40 пациенти, од кои на респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на COVID-19. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе