Албумот на Panini за Русија 2018 - интересно и скапо хоби

Александар Атанасов (МИА)
/ 16.04.2018 / 09:53

Дваесет и првото Светско првенство во фудбал ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули годинава во Русија. Со години омилено хоби на фановите, како загревање пред почетокот на Мундијалот, е собирањето на албумот со самолепливи сликички на Panini.

Албумот на Panini за Светското првенство во фудбал во Русија 2018 година ги содржи сликите на играчите од 32 национални репрезентации, специјални слики со нивните амблеми, групна слика, како и слики од стадиони, односно содржи вкупно 682 сликички.

За целосно да се пополни албумот потребни се 137 пакетчиња со сликички. На македонскиот пазар албумот содржи 670 сликички. Албумот на 80 страници со гратис шест сликички во Македонија се продава по цена од 80 денари, додека едно пакетче со пет сликички чини 40 денари. Под услов да не добиете ниту еден дупликат, тоа значи дека е потребно да потрошите 5.400 денари.

Традиционалните колекционери на албумот, знаат дека веројатноста да се соберат сите сликичките без ниту еден дупликат е многу тешко остварливо. За целосно пополнет албум неопходно е трпение и добри техники за размена со останатите колекционери.

Македонските колекционери треба да соберат десетина сликички помалку

Албумот има многу фанови во Македонија, кои се договараат на социјалните мрежи за размена на сликички или пак на традиционалното колективно собирање на фонтана во Градски парк во Скопје.

Годинава Panini на љубителите им нуди можност албумот да го собераат и онлајн, каде добиваат бесплатно две пакетчиња на ден и имаат можност да се натпреваруваат за награди.

Интересно е што македонските фанови на интернет ќе го пополнуваат стандардниот албум со 682 сликички, додека албумот за македонскиот пазар има 670 сликички. Фановите реагираат дека имаат проблем поради неусогласноста на апликацијата со албумот на нашиот пазар и дека при скенирање на сликичките, ги препознава под друг број.

По реакциите на фановите за колекционерската вредност на македонското издание на албумот, побаравме објаснување од Дипрес, официјалниот увозник и дистрибутер на албумот за нашиот пазар. Од Дипрес, велат дека тоа е политика на Panini и не знаат зошто има разлика во бројот на сликички, но најверојатно тоа зависи од пазарот. Во однос на електронската апликација, од Дипрес посочуваат дека тие немаат ништо со тоа и за неа одговорен е издавачот Panini.

За пополнување на албумот потребни се околу 12.520 денари

Професорот по математика од Кардиф Пол Харпер, како што пренесува британски „Телеграф“, пресметува дека за пополнување на годинешниот албум со сликички во просек еден колекционер би требало да купи 967 пакетчиња со 4.832 сликички.

Во Обединетото Кралство едно пакетче со самолепливи сликички за албумот на Panini за Светското првенство во фудбал во Русија 2018 година чини 80 пени, што е значитечно зголемување од цената по 50 пени за пакетче за албумот за европското првенство во 2016 година. Според формулата на професорот Харпер, еден колекционер во Обединетото Кралство собирањето на албумот ќе го чини 773 фунти (54.110 денари), а доколку се менува со десет пријатели ќе го намали трошокот на околу 250 фунти (17.500 денари).

Според формулата на професорот Харпер, просечен колекционер во Македонија за сам да го пополни албумот би требало да потроши околу 38.680 денари, а доколку се менува со десет други колекционери, тоа ќе го чини околу 12.520 денари.

Издавачот Panini, како што пренесува британски Telegraph, смета дека тврдењето не е точно, бидејќи луѓето не живеат во меур и можат меѓусебно да се менуваат, како и дека можат последните 50 сликички да ги нарачаат директно преку интернет од Panini по цена од 22 пени за сликичка.

Колекционерите од Македонија може да нарачаат најмалку пет, а најмногу 40 различни сликички по цена од 20 денари за сликичка, плус поштенски трошоци од 100 денари.

Цената на сликичките во регионот се движи од 0.62 до 0.82 евра

Првиот албум со сликички од Panini за Светското првенство во 1970 година во Мексико содржи 288 сликички и картички. Колку за споредба албумот за Светското 2014 имаше 640 сликички на 72 страници, што е за 42 повеќе од годинешниот.

Критики за цената на сликичките има на глобално ниво. Цените за едно пакетче со пет сликички се движат од 0,62 евра во Босна и Херцеговина, 0,66 евра во Хрватска, 0,68 евра во Србија, Словенија 0,70 евра, Бугарија 0,82 евра, до 90 центи во Германија и Италија.

Во Босна и Херцеговина пакетче чини 0,62 евра. Според формулата на професорот Харпер, просечен колекционер во Босна и Херцеговина за сам да го пополни албумот би требало да потроши околу 600 евра (36,871 денар), а доколку се менува со десет други колекционери, тоа ќе го чини околу 194 евра (11.931 денари).

Албумот со сликички за Русија 2018 во Србија, се продава по цена од 80 динари (0,68 евра) за пакетче. Според формулата на професорот Харпер, просечен колекционер во Србија за сам да го пополни албумот би требало да потроши околу 657 евра (околу 40.287 днеари), а доколку се менува со десет други колекционери, тоа ќе го чини околу 213 евра (13.040 денари).

Во Германија и Италија пакетче се продава по цена од 90 центи. Според формулата на професорот Харпер, просечен колекционер за сам да го пополни албумот би требало да потроши околу 870 евра (53,500 денари), а доколку се менува со десет други колекционери, тоа ќе го чини околу 281 евро (17.281 денари).

Тагови
реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Read more

Живот

Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Read more

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Read more

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Read more

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Read more
 

Магазин

Промени кај мачките што укажуваат на бубрежна болест

Читај повеќе

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе