Alfa Romeo го претстави долго очекуваниот суперспортски двосед

Именуван по познатиот слично замислен модел од 60-тите, атрактивниот Alfa Romeo 33 Stradale со себе носи две погонски опции...и веќе е распродаден.

Alfa Romeo 8C беше последниот суперспортски модел што познатата италијанска автомобилска компанија го произведе од 2007 до 2010 година (вкупно 500 примероци), а по долго затишје, миланезите претставија нов суперспортски двосед кој не е наследник на моделот 8C, бидејќи за инспириран на бројчано ограничениот двосед му послужи легендарниот модел 33 Stradale (базиран на тркачката верзија на Tipo 33), кој беше направен во само 18 примероци на крајот на 60-тите.

Преродениот модел 33 Stradale рачно ќе го склопуваат специјалисти на познатата италијанска компанија Carrozzeria Touring Superleggera, кои го составија и егзотичниот Giulia SWB Zagato, а добрата вест за богатите ентузијасти кои не успеаја да обезбедат еден од единствените 33 планирани примероци од оваа егзотика на Alfa е изјавата на првиот човек на миланската компанија кој рече дека 33 Stradale нема да биде последниот суперспортски модел на Alfa Romeo.

На премиерата беше откриено дека Alfa Romeo 33 Stradale ќе се нуди во комбинација со трилитарски битурбо V6 мотор кој не е „позајмен“ од Maserati MC20, бидејќи е еволуција на добро познатиот 2,9-литарски мотор од најмоќната Giulia GTA. Stradale развива повеќе од 620 коњски сили, кои се распоредени на задната оска со 8-брзинскиот автоматски менувач на ZF со две спојки. Доволно за 333 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди.

На изненадување на многумина, покрај громогласниот централно сместен бензинец, како опција има и верзија која се напојува само на струја. Трите електромотори се комбинираат за да произведат 750 коњски сили и 1.350 Nm вртежен момент, а перформансите на автомобилот остануваат исти како во комбинација со V6 моторот. Капацитетот на батеријата е доволен за патување 450 километри.

Со две опции за внатрешни украси (Tributo и Alfa Corse) и безброј опции за прилагодување на каросеријата, Alfa откри дека секој од 33-те примероци на јаглерод-алуминиумската егзотика ќе биде единствен.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Авто новости

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Read more

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Read more

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Read more

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе