Дечкото на познатата оскаровка Хали Бери на социјалните мрежи објави фотографија од убавата актерка на која таа е целосно гола.
„Среќен Ден на мајката од дното на... моето срце... Ср*ње, не требаше да го објавам ова! Но... Мора да признаете дека овој задник треба да биде токму таму“, напиша музичарот Ван Хант, со кого Хали е во врска четири години.
Бројни следбеници го пофалија изгледот на 57-годишната актерка.
„Најубавата актерка на сите времиња“, „Какво совршенство од секој агол“, „Изгледаш неверојатно“, „Начинот на кој маж те фотографира покажува како те гледа. Ти завидувам“, „Хали е најубава жива личност на земјата“, се само неколку од комплиментите под објавата.
Патем, во октомври 2020 година, во интервју за Таи Бјучам, актерката откри дека почнала сериозно да се занимава со фитнес за доброто на своите деца.
„Се чувствувам и изгледам помладо од кога било затоа што работам затоа што сакам да бидам тука за моите деца. Сакам да бидам тука за моите внуци, а не само да ги гледам како се раѓаат. Сакам да ги видам како растат“, рече таа тогаш.
Хали Бери има две деца, 14-годишната ќерка Нала со поранешното момче Габриел Обри и 8-годишниот син Мејс со поранешниот сопруг Оливје Мартинес.