КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Алиоски и Тричковски отпаднаа, дополнително повикан Костадинов

Нови проблеми за фудбалската репрезентација откако уште двајца од стандардните играчи отпаднаа за претстојните квалификациски натпревари против Австрија и Израел.

Селекторот Игор Ангеловски никако да одмори од проблеми. Откако на петочниот список не ги стави имињата на стандардните Аријан Адеми (средина) и Егзон Бејтулаи (десен бек), потоа резервистите Љупчо Дориев и Ѓорѓи Стоилов (двајцата средина), а поради суспензија од жолти картони против Австрија нема да смета ниту на Висар Муслиу (централен бек), Бобан Николов (средина) и Илија Несторовски (напад), сега му откажаа уште дваја фудбалери.

Езџан Алиоски (крило) воопшто не беше во составот на неговиот Лидс на натпреварот против Блекбурн викендов, а не беше во комбинација ниту за претходното коло. Повредата и натаму го мачи и дефинитивно отпадна од репрезентативните обврски.

Иван Тричковски (напад) се повреди играјќи за неговиот АЕК во петокот. Тој прво постигна гол со глава, а во второто полувреме се пожали на повреда на левата нога и мораше да биде заменет.

Дарко Велковски (централен бек) и Стефан Спировски (средина) ќе се стават на располагање, но нивниот настап е неизвесен бидејќи и тие влечат повреда и не се 100 посто подготвени за настап. За нив лекарскиот тим ќе одлучи дали и колку можат.

Во меѓувреме, Ангеловски дополнително го повика Тихомир Костадинов кој настапува за словачкиот Ружомберок. Се работи за 23-годишен играч од средниот ред за кого ова е прв повик во сениорската репрезентација.

„Алиоски дефинитивно отпадна, Тричковски правеше прегледи. Дополнително е повикан Костадинов. Велковски и Спировски доаѓаат дефинитивно, па потоа ќе видиме колку и дали можат. Исто така Муслиу, Несторовски и Николов се тука кои немаат право да играат со Австрија. Најпрво би сакал да можат да настапат и Спировски и Велковски. Не размислувам сега за викање на друг играч. Дефанзивци не ни има премногу во нашиот фудбал. Зајков, Младеновски, Тошевски и Ристевски, тоа се играчите од кои може да се направи дефанзивна четворка. Адеми има пукнатина на стопалото и мора да паузира“, рече денес селекторот.

Со сите отсуства, против Австрија во Виена ќе биде и тоа како тешко. Австријците нѐ прегазија со 4:1 среде Скопје кога Македонија играше во полн состав, а сега пред своите гледачи Австрија ќе сака со стил да го завери пласманот на Европското првенство.

„Не смее да има прашање дали има мотив. Кога се работи за репрезентација, секој што игра во тој дрес, мотив мора да има. Трети сме и сакаме да останеме таму. Целта е да освоиме што повеќе бодови и да пробаме што повеќе тактички комбинации за она што претстои во март“, заврши Ангеловски.

Натпреварот со Австрија се игра в сабота од 20.45 часот на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена, додека три дена подоцна го пречекуваме Израел на „Тоше Проески“ арената во Скопје.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе