Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски го постигна својот прв гол во турската Суперлига за тимот на Фенербахче.
Алиоски кој на синоќешниот натпревар со Адана во игра влезе во 80. минута, се запиша во листата на стрелците по само три минути поминати на теренот.
Фенербахче водеше со 3:0, гостите намалија на 3:2, а популарниот Џани ја запечати победата на тимот од Истанбул.
По овој триумф, Фенербахче е лидер на табелата со 7 бода, колку што имаат и Башакшехир, Бешкташ и Газиантеп.