Американската пливачка во уметничко пливање Анита Алварес се онесвести за време на натпреварот на Светското првенство во Будимпешта и потона на дното од базенот. По брзата реакција на нејзината тренерка, Атина беше на време спасена.
Пливачката потона на дното на базенот по изведба во финалето на уметничко лизгање. Тренерката Андреа Фуентес скокна во базенот за да ја спаси.
„Многу се исплашивме, морав да скокнам бидејќи спасувачите не го направија тоа“, изјави Фуентес.
Тренерката ја извлече онесвестената пливачка од дното на базенот и ја однесе на површината каде и помогнаа да ја извадат.
„Се исплашив бидејќи видов дека не дише, но сега е добро и е во болница“, изјави американската тренерка.
Таа објасни дека пливачката се онесвестила поради напорите за време на настапот. Нејзиниот настап во петок во групно натпреварување зависи дали докторите ќе дадат дозволат.
За 25-годишната Алварес ова е трето светско првенство, а претходно се случи да се онесвести во квалификациите за ОИ минатата година во Барселона.