Американски таблоид: Љубовницата на Путин со децата се крие во Швајцарија

Неименувани извори за американскиот таблоид Page Six тврдат дека љубовницата на Владимир Путин, Алина Кабаева и нивните четири деца се кријат во Швајцарија.

„Додека Путин го спроведува нападот врз Украина, напаѓа невини луѓе и предизвика бегалска криза, неговото семејство е скриено на безбедно место во дворец некаде во Швајцарија“, вели изворот.

Кабаева е 38-годишна поранешна гиманстичарка со олимписко злато, а според шпекулациите, има 4 деца со Путин. Иако за нивната врска се пишува од разводот на Путин, тие двајца никогаш не проговориле за односот меѓу себе, пишува Mirror.

Изворите тврдат дека имаат 7-годишни близначки родени во Луган, Швајцарија во февруари, 2015 година. Се зборува дека имаат и два сина.

„Алина има два малечки сина и близначки со Путин. Сите деца имаат швајцарски пасоши, а претпоставувам дека има и тој“, тврди изворот зa Page Six.

Путин никогаш не дозволил прашања за неговиот приватен живот.

„Не дозволувам мешање во мојот приватен живот. Мора да се почитува. Секогаш негативно сум реагирал кон оние кои ги туркаат нивните љубопитни носови и еротски фантазии во туѓи животи“, има изјавено во една прилика.

За Путин е познато дека има две ќерки, Марија (36) и Катерина (35) кои ги доби во бракот со Људмила. И за нив ретко зборува, па не е чудно што има толку шпекулации за тоа колку деца има всушност. Во брак беше 30 години, а со Људмила се разведе јавно пред камери во 2013 година. Оттогаш медиумите почнаа да пишуваат дека се развел поради Алина, тогаш успешна гимнастичарка која освои две олимписки медали и бројни награди.

Алина ретко се појавува во јавност, а неодамна се огласи за руската инвазија на Украина. Таа изјави дека односот на меѓународните спортски организации кон Русија е најсрамотен чин во историјата на светскиот спорт.

Кабаева се огласи по повод исклучувањето на руските спортисти од најголемите спортски натпреварувања и беше критични настроена кон таквиот однос кон Русија.

„Не се грижеа и не исфрлија од натпреварување ниту една држава која учествувала во уништувањето на стотина илјади цивили во Југославија, Ирак, Либија, Сирија. Но, се налутија кога Русија одлучи да ги заштити Донабс и Луганск од нацисти“, вели Кабаева за Sport-Express.

Таа поради допинг остана без пет златни медали од Светското првенство во 2011 година.

реклама

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more
 

Магазин

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе
  • filter

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Читај повеќе