Американските беспилотни авиони X-47B одат во музеј после 10 години служба

Кога станува збор за американските авиони, еден од најпознатите е секако беспилотниот X-47B, а од компанијата Northrop Grumman најавија дека овие летала се подготвуваат за испорака во два воздухопловни музеи каде ќе станат дел од постојаната изложба.

Авионите X-47B ја завршија својата служба во американската војска и сега ќе станат музејски експонати.

X-47B е беспилотно летало без опашка со големина на воен брод, развиено од Northrop Grumman како дел од програмата UCAS. Според договорот потпишан во 2007 година, компанијата дизајнираше, произведе и тестираше два авиона X-47B. Во 2013 година тие беа искористени за демонстрација на првите полетувања од носач, а станува збор за тешко видливи автономни беспилотни летала.

Remote video URL

Во април 2015 година X-47B повторно влезе во историјата кога го изведе првото автономно воздушно полнење гориво (AAR) за беспилотно летало. ААР го отклучи целосниот потенцијал на беспилотни системи за надзор, напад и извидување како поддршка на американската морнарица. Овие историски демонстрации го зацврстија концептот на идните беспилотни летала и докажаа дека X-47B може да извршува стандардни мисии како што се полнење гориво во воздух и да работи заедно со авиони со екипаж.

Можеби најважно, авионот докажа дека полуавтономниот авион може да се користи од носач на авиони и да наполни гориво со поврзување со танкер. За да го искористи авионот X-47B, американската војска мораше да имплементира значителен технолошки напредок.

Remote video URL

Првиот X-47B полета во 2011 година, а до 2015 година два активни демонстрациски авиони завршија детални пробни летови и оперативно тестирање за интеграција, што ги направи подготвени за употреба на бојно поле. Во август 2014 година американската морнарица објави дека го додала X-47B во операциите на своите носачи на авиони.

Northrop Grumman истакнаа дека X-47B UCAS е дизајниран да ѝ помогне на морнарицата да ја истражи иднината на беспилотната авијација базирана на носачи. Успешната програма за тестирање ги постави темелите за развој на постојана флота на беспилотни авиони базирани на носачи.

Сепак, се поставуваат прашања зошто авионите сега завршуваат во музеј.

The War Zone пишува дека програмата UCAS била толку успешна што многумина биле шокирани кога немало друг договор за повеќе тестирања. Излегува дека отсекогаш постоел план авионите да завршат во музеј по тестовите. Морнарицата ги задржала поради нивната ефикасност и корисност во очекување на континуиран развој, но една од причините за нивното „пензионирање“ е загриженоста на службениците дека тие би можеле да бидат премногу скапи и недоволно „невидливи“ за операции.

Добрата вест е што и покрај тоа што се деактивирани, авионите ќе бидат зачувани и достапни за јавноста во музеите кои ќе ги чуваат.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Вести

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Read more
 

Гик

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Читај повеќе

Зошто Месечината е видлива во текот на денот? 7 изненадувачки факти

Читај повеќе

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Читај повеќе
  • filter

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Читај повеќе

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе