Хокеарките на САД ја освоија титулата светски шампиони со победа од 6:3 против нивните најголеми ривалки Канаѓанките во финалето одиграно во канадскиот град Брамптон.

Американките до титулата стигнаа со голем пресврт во третиот период, пред тие последни 20 минути Канаѓаните водеа со 3:2. Хероина на американската победа да бидебеше капитенката Хилари Најт, која ги постигна последните три гола и тоа во последните 3:52 минути од натпреварот.
Најт го постигна победничкиот гол во ситуација со уште двајца играчи на мразот, 27 секунди подоцна зголеми на 5:3 во ситуација со играч повеќе, за на крајот да ја погоди празната мрежа на Канаѓанките за конечни 6:3.
За Американките ова е деветта светска шампионска титула во историјата.
Синоќа во дуелот за третото место Чешка со 3:2 беше подобра од Швајцарија.