УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ангеловски: Ерменија и Грузија ќе служат и за проверка пред баражот со Косово

За селекторот на македонската фудбалска репрезентација претстојните натпревари од новата сезона на Лигата на нации ќе послужат и како последна проверка за октомврискиот бараж за пласман на ЕУРО против Косово.

Фото: ФФМ

Игор Ангеловски утринава го објави списокот на повикани играчи за воведните два натпревара од новата сезона на Лигата на нации на УЕФА.

Македонија отвора на 5 септември дома против Ерменија, а три дена подоцна, на националниот празник 8 Септември, гостува кај селекцијата на Грузија. По овие натпревари, наредниот е веројатно најважниот во досегашната историја на македонскиот фудбал. На 8 октомври Македонија во Скопје го пречекува Косово во полуфиналниот бараж за пласман на одложеното ЕУРО.

„Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕУРО 2020, прво место во групата од Лига на нации 19/20, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а сѐ со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвара од новото издание на Лигата на нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8 октомври“, истакна Ангеловски, пренесе ФФМ.

Тој од планираните фудбалери не можеше да смета единствено на двајца кои навреме му откажаа, едниот поради повреда, другиот порада корона-карантин. Ангеловски не направи никакви промени во составот во однос на оној со кој настапуваше минатата година во квалификациите за ЕУРО 2020.

„За натпреварите против Ерменија и Грузија се повикани фудбалери на кои сметав подолг период и на претходните натпревари. Поради повреда нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради ковид ограничувањата во Финска. Даниел Аврамовски има пријавено повреда, но е вклучен во составот и ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим, се надевам дека ќе биде во ред“, вели селекторот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе