Ангеловски сепак денеска го објави списокот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација без ниту една промена го соопшти списокот за претстојните натпревари од новата сезона на Лигата на нации.

Фото: ФФМ

Игор Ангеловски повика 23 играчи, буквално оние што ги повикуваше и во квалификациите за ЕУРО 2020. И покрај тоа што одредени фудбалери не играат во своите клубови, и натаму ја имаат неговата доверба, додека за оние кои се во форма очигледно е тешко да се отвори вратата од репрезентацијата, како на пример за Љупчо Дориев од Шкендија и Давид Митов Нилсон од норвешки Сарпсборг 08.

Синоќа првично беше најавено дека селекторот денеска ќе го објави списокот, но потоа од ФФМ излезе информација дека објавувањето ќе се случи в сабота. Денеска пресврт, селекторот сепак ја објави листата на повикани играчи за септемвриските натпревари со Ерменија и Грузија.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дејан Илиев - Арсенал (Англија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)

Одбрана:
Висар Муслиу - МОЛ Фехервар (Унгарија)
Егзон Бејтулаи - Шкендија
Кире Ристевски - Ујпешт (Унгарија)
Стефан Ристовски - Спортинг (Португалија)
Дарко Велковски - Ријека (Хрватска)
Ѓоко Зајков - Шарлроа (Белгија)
Кристијан Тошевски - Тирана (Албанија) 

Средина:
Енис Барди - Леванте (Шпанија)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)
Бобан Николов - МОЛ Фехервар (Унгарија)
Стефан Спировски - АЕК (Кипар)
Езџан Алиоски - Лидс Јунајтед (Англија)
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Даниел Аврамовски - Кајсериспор (Турција)

Напад:
Горан Пандев - Џеноа (Италија)
Иван Тричковски - АЕК (Кипар)
Илија Несторовски - Удинезе (Италија)
Александар Трајковски - Мајорка (Шпанија)
Крсте Велкоски - Сарајево (Босна и Херцеговина)
Влатко Стојановски - Шамбли (Франција)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 31 август (понеделник) во 12:00 часот во хотел „Градн Плаза“ во Скопје.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе