Ангеловски го објави списокот за дуелите со Израел и Италија

Игор Ангеловски го соопшти списокот на играчи за квалификациските натпревари кои Македонија во октомври ќе ги одигра против Израел и Италија. Македонскиот селектор се определи за фудбалерите кои играа во Албанија, а во националниот тим ги повика голманот Богатинов, односно фудбалерите Трајчевски и Јаховиќ.

Два натпревари Македонија ќе одигра во октомври, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство. На 6 наредниот месец, во Скопје најпрвин ќе гостува Израел, а три дена подоцна Италија.

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски за овие две средби повика 19 фудбалери. Тој се определи за играчите кои играа на првиот меч од овие квалификации во Албанија, а во тимот ги врати голманот Богатинов, односно фудбалерите Трајчевски и Јаховиќ.

„Повиканите фудбалери се речиси истите од воведниот квалификациски натпревар против Албанија. На голманската позиција повикан е Мартин Богатинов, голман со големо интернационално искуство и сигурно дека ќе придонесе за тимот. Ги повикавме Душко Трајчевски и Адис Јаховиќ за да имаме фудбалери од сите профили и да ја зголемиме конкуренцијата“, рече Ангеловски.

Првиот собир македонските фудбалери ќе го имаат в понеделник на 3 октомври.

Список на играчи за мечевите со Израел и Италија:

Голмани: Захов (Шкендија); Богатинов (Етникос Атна, Кипар)

Одбрана: Шиков (Нефчи, Азербејџан), Жута и Ристовски (Ријека, Хрватска), Ристески (Вашаш, Унгарија), Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар)

Среден ред: Спировски (Вардар), Петровиќ (Осијек, Хрватска), Стјепановиќ (Сласк Вроцлав, Полска), Ѓорѓиев (Грасхоперс, Швајцарија), Хасани (Шкендија), Алијоски (Лугано, Швајцарија), Душко Трајчевски (Работнички)

Напад: Пандев (Џенова), Бесарт Ибраими (Шкендија), Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Несторовски (Палермо, Италија), Јаховиќ (Гезтепеспор, Турција).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе