Анѓушев ќе ја обжали одлуката на САД: Нема основа да ми го ограничат влезот

Поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев најави дека ќе ја обжали одлуката на Соединетите Американски Држави кои му забранија влез во земјата нему и неговото семејство, со образложение за вмешаност во корупција.

Анѓушев тврди дека во текот на неговиот мандат во Владата работел со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја.

„Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби“, вели Анѓушев.

Додава дека има фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и е американски даночен обврзник, како и партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служел како вицепремиер во македонската Влада, вели дека силно се залагал и работел за зачленување на земјата во НАТО, го поддржувал зачленување во ЕУ, и ги поддржува и сега сите активности кои се преземаат во тој правец.

„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департмент и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“, додаде Анѓушев во реакцијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе