Анри преку свој пример му објасни на Мбапе каде греши

Легендарниот Тјери Анри, користејќи го својот пример, се обиде да му објасни на Килјан Мбапе како да се справи со моменталната ситуација во која не е среќен во ПСЖ, при што популарниот Тити зборуваше само за фудбалски работи и што се случува на теренот.

Не навлегувајќи во проблемите што ги има Мбапе со челниците на ПСЖ и генерално лошата клима што се создаде околу клубот, Анри рече дека Мбапе мора во секој момент да го почитува грбот за кој настапува и дека во ниту еден момент не смее да се занесува дека е поголем и поважен од клубот.

Дополнително, тој со сопствен пример му објасни дека понекогаш работите во фудбалот не се идеални, туку дека е потребно човек да се жртвува за тимот.

„Никој не сака да го прави она во што не е добар. Но, постои нешто што е поголемо од сѐ останато, а тоа е клубот. Дали го натераа да се чувствува дека клубот е најважна работа или дека се чувствува поважен од клубот?“, се зачуди Анри и продолжи:

„Ќе го искористам мојот сопствен пример. Мразев да играм високо и широко во Барселона, но го направив тоа за тимот. Откако не знам колку голови постигнав во кариерата, морав да играм по левата страна. И после сѐ, никогаш не сум слушнав некој да каже дека тоа е 'убав гест'“.

На крајот испрати јасна порака до Мбапе и го посоветува како да се однесува во наредниот период.

„Постои само едно правило: ако тренерот побара од вас да направите нешто, направете го тоа за доброто на целиот тим. Ако е лошо, тогаш потребно е да се разговара“, додаде Анри.

Потсетуваме, француските медиуми синоќа објавија информација дека Мбапе сака да го напушти ПСЖ веќе во јануари, што е само половина година откако го продолжи договорот до 2025 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе