Антикорупциска пресече: ДУИ го прекршила законот

Демократската унија за интеграција го прекршила Законот за финансирање на политичките партии оти во 2022 година примила донации поголеми од законски дозволените, а вишокот пари го вратила во 2023 година место веднаш или во рок од 15 дена по приемот.

Државната комисија денес потврди дека прекршок има и дека за него ќе бараат да постапи Државниот завод за ревизија како надлежно тело.

Антикорупционерите утврдиле дека освен физичко лице кое донирало повеќе пари од дозволеното, за што бил првично оформен предметот во Комисијата, партијата примила недозволени донации и од две правни лица.

„Согласно одлуката на партијата и доставените податоци, во прилог беа вирманите во кои се вратени парите, утврдивме дека се вратени но не согласно законот кој вели веднаш или во рок од 15 дена. Заради тоа ние констатиравме прекршување на членот 16 од Законот за финансира политички партии. Надзор, согласно законот е Државниот завод за ревизија (ДЗР). Доколку се утврдат неправилности ДЗР поднесува барање за поведување прекршочна постапка или пријава до ОЈО. Затоа предлагам утврдените прекршувања да се достават до ДЗР за надлежно постапување и до Министерството за правда за информирање за прекршоците“, рече антикорупционерот Шемси Салаи.

Комисијата едногласно одлучи утврдените прекршоци да бидат доставени до ДЗР и до Министерството за правда, но посочија дека има законски недоречености во овој случај оти ДЗР, како надлежен орган за постапување ќе ги добие извештаите од партијата со една година задоцнување, не веднаш, за што утврдија дека треба да биде земено предвид за следните законски измени. За антикорупционерите е проблем и тоа што политичките партии имаат обврска да достават годишни извештаи за донациите до ДЗР и до УЈП, а не и до нив за да можат полесно да постапуваат по пријавите.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци држи прес-конференции на кои предупредува дека ДУИ и СДС фаворизираат компании кои експресно го зголемуваат профитот изминативе шест години. Меѓу нив е компанијата „Еуровиа“ која доби тендер од 1.8 милион евра на Министерството за надворешни работи за преуредување на спортската сала „Борис Трајковски“ за македонското претседавање со ОБСЕ. „Еуровиа“ како правно лице донирала во ДУИ 1,8 милион денари наспроти дозволените шест просечни плати, а сопственикот на компанијата, Елмедин Адеми, како физичко лице донирал шестпати поголема сума од дозволеното, односно 2,5 милиона денари. Законот за финансирање политички парти дозволува физички лица да донираат не повеќе од 30 просечни нето плати, а правните лица не повеќе од 60 месечни плати.

Поради овој скандал, министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој изјави дека сопственикот на „Еуровиа“ го знае само од телевизија,  предложи фирми кои се партиски донатори да не учествуваат на тендери од институциите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе