Антикорупциската комисија отвора предмет за изградбата на автопатиштата

Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што го врши IRD.

Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата Eptisa, која е дел од IRD, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер.

– Ако се има предвид фактот дека е огромен тендер со голема вредност, мислам дека вреди да се почека да се добие таа документација и дополнително потребно е време за нејзино анализирање. Тие се странски фирми за кои нашето истражување по нив ќе биде малку ограничено. Доколку има потреба ќе се потрудиме да најдеме и дополнителни податоци, за Сител изјави Катица Николовска, член на ДКСК.

Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излезе со тврдење дека од 2016 година соппственик на шпанска Eptisa е кинеска компанија и дека генералниот директор на компанијата е Кинез.

Договорот за изградба на четири автопатски делници беше потпишан завчера со конзорциумот Bechtel-ENKA. Според договорот што беше потпишан во Владата, конзорциумот Bechtel-ENKA на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар-Букојчани (30,3 км) и Прилеп-Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа-Струга-Ќафасан во должина од 21,7 километри. За изградбата на автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе