Apple го уби iTunes

По долгогодишни најави, конечно се случи – Apple реши да ја „убие“ апликацијата iTunes. Овој музички сервис беше активен од 2001 година и на почетокот беше сметан за револуционерен, но во последните неколку години ја загуби популарноста и почна да губи корисници.

Всушност, Apple реши да го подели iTunes во неколку различни апликации. Отсега, наместо iTunes, корисниците на Apple ќе имаат пристап до Apple Music, Apple Podcasts и Apple TV.

Шпекулации за гасење на iTunes постоеја уште пред неколку години, но Apple не ги потврди сѐ до вчерашниот WWDC настан во Сан Хозе, на кој покрај оваа вест соопшти уште неколку новости за идното работење на компанијата.

Сите корисници кои ќе сакаат да се логираат на новите сервиси ќе мораат да го направат тоа преку нов запис, во кој мејлот и податоците на корисникот ќе бидат скриени и заштитени. За Windows оперативниот систем, апликацијата iTunes ќе остане непроменета.

„Приватноста е основно човеково право, а ние имаме намера да го почитуваме“, изјави шефот на одделот за софтвер во Apple, господинот Крег Федериги.

Покрај новите апликации, Apple најави дека наскоро пристигнува и новиот оперативен систем iOS 13, кој ќе има различни и подобрени функции, како и промени во интерфејсот. Една од нив е Dark Mode, кој е многу поразличен од оној на Android и е оптимизиран за целиот оперативен систем. Сите iOS апликации ќе имаат темна позадина, по избор на корисникот.

На WWDC беа најавени новите Apple Watch и Mac Pro, кои добија многу критики поради недостатокот од новитети и подобрувања. Иако Mac Pro има прилично моќни спецификации, почетната цена од дури 5.999 долари го прави прескап за обичниот корисник на пазарот, но трошоците не застануваат тука. Цената од 5.999 долари се однесува само на куќиштето, а во цената не се пресметани дисплејот и долната подлога.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе