Компанијата Apple потврди дека на iPhone 8 постои проблем со квалитетот на звукот во слушалката, како и тоа дека работат на решавање на проблемот.
Моделот iPhone 8 оваа недела подлежи на тестирања од страна на сите оние кои се занимаваат со технологија, но никој од нив не наведе дека телефонот има проблем со звукот во слушалката.
Сепак, корисниците кои веќе го купија овој модел, поднесоа масовни жалби кон Apple, кој сега призна дека постои проблем.
Во соопштението за јавноста наведоа дека овој проблем постои само кај ограничена мала серија на уреди, како и дека решението во вид на софтверска надоградба е веќе во изработка.